Кнауф и ИАЕСТЕ во служба на студентите

Дел од нашата општествена одговорност, но воедно нешто што ни претставува и големо задоволство, е поддршка на студентите за стекнување на нови знаења и обезбедување корисни и уникатни искуства. Во соработка со студентската организација ИАЕСТЕ Македонија, Кнауф по втор пат беше дел од проектот „Компани Шатл“. Овој иновативен проект на младите студенти им овозможува интензивен увид во секојдневното функционирање на компаниите, автентично и на лице место!

 

За време на целодневната посета, годинава учесниците во „Компани Шатл“ имаа можност да ги видат кристалната јама и фабриката на Кнауф во Дебар, да научат интересни работи за иновациите во производството, да се запознаат со корпоративното работење на Кнауф во Македонија и во целиот свет, како и подетално да слушнат за природните богатства во Дебарско. Задоволството да им биде домаќин на младите студенти го имаше нашиот стручњак Бурхан Мурати, експерт за гипсот како материјал со повеќедецениско искуство.