Ден на безбедноста во Кнауф Радика АД

На 23-ти Јуни, во фабриката Кнауф Радика АД беше одбележан денот на безбедноста. Покрај квалитетот на производство, можеби најважното начело на компанијата. Со почитување на правилата кои се наложени со најстрогите интернационални стандарди за безбедност во производството, но и построгите интерни правила на групацијата Кнауф, секојдневно се заштитуваме од повреди и штети. За нас човечкиот живот и здравје се најважни.

Во тоа име, заедно нашите колеги од продажба и колегите од производството во Дебар се потсетија на најважните начела на заштита, но и учествуваа во наградниот квиз, во кој успешно ги покажаа своите знаења.