Гипс во домот. Дар за здравјето!

Што да се каже за материјал, кој медицината го смета за незаменлив материјал за употреба на луѓе? Материјал со еднаква pH-вредност како и човековата кожа и единствен материјал во градежништвото кој може да остане во неограничен допир со човекот. Материјал со докажано отсуство на тешки метали, радиоактивност и лесноиспарливи материи. Еднаква пародифузност како и човековата кожа. Никогаш нема да ви биде неудобно во просторија со гипс.

 

 

 

А што да се каже за материјалот кој е најважен елемент, па дури и тајна на највкусните и најценети рецепти на прехрамбената и козметичката индустрија?!?

 

 

 

Здравјето, како императив во модерните објекти, пред се е изразено преку употребата на гипсени материјали во ентериерот. Изборот на малтер од палетата Knauf MP75 е избор на компанија која не прави компромис во квалитетот и која мисли на своите клиенти на подолг рок.

Гипсените малтери, освен квалитетот кој се манифестира преку безбедната работа и употреба, брзината на нанесување, трајност и белина, значат и предности во нивното користење и животот во простор обложен со гипсен малтер.

 

 

 

Машински нанесениот малтер ги има истите својства на гипсот, какви што му ги подарила природата, кога го создала пред 20.000.000 години, во истото море од кое сите потекнуваме. Уживајте во белината и цврстината на материјалот.

Леснотијата на нанесување значи и неограничени можности на нанесување и можност за постиогнување на совршено мазни површини дури и на закосени и заоблени површини.

 

 

 

Совршено мазна и носива површина, спремна за боење со стандардни бои или за дополнително изразување на креативност и желби со модерните декоративни техники на боење.

 

 

 

Секогаш ќе ја одземе вишокот влага од воздухот, кога степенот на влага е над 60% и ќе ја врати во воздухот кога степенот ќе падна под 40%. Со него во ваша близина, оптимално ќе дишете, зборувате и оптимално ќе перспирирате. Вдишете воздух со полни бели дробови!

 

 

 

Реномираниот институт во Розенхајм континуирано ги тестира гипсените производи на Кнауф и тие секогаш го заслужувале најстрогиот печат на IBR, кој читко и јасно порачува дека животот во овие материјали е со беспрекорен квалитет и здравје!