ВЛОГОВИ – Видео блогови од терен

Ако сликата вреди повеќе од илјада зборови, видеото веројатно вреди повеќе од илјада слики. Затоа имаме намера во иднина да одиме и да снимиме што сѐ случува на градилиштата, во архитектонските бироа и секаде каде има акција – каде се гради и создава со нашите производи.

Влоговите или видео блоговите ќе се постираат на Фејсбук и Инстаграм, но сите на крај ќе ги чуваме на нашиот YouTube канал Кнауф Македонија. Претплатете се и бидете во чекор со новостите!

Во продолжение е едно видео од серијалот. Очекувајте уште многу интересни содржини во иднина!