Flächendicht 5kg

Хидроизолациски премаз.

Карактеристики

  • Лесно се нанесува, не се слизнува на вертиклани површини.
  • Одлична цврстина на врската помеѓу слоевите
  • Постојан на агресивни води и отпорен на микроорганизми
  • Парпопропусна хидроизолација, многу мала пречка за парпоропусноста.
  • Висока растегливост на разни температурни влијанија. Постојан и растеглив  до ca. - 20 °C
  • Температурна постојаност до +80 °C
  • Постојан на стареење
  • Негорив материјал
  • Премостува пукнатини до 2 mm

 

Knauf Flächendicht е хидроизолациски премаз на база на латексова синтеза и инертни исполнители. Не содржи разредувачи. По сушењето се создава водонепропуслив слој.

 

Подрачје на примена:

  • Простории: Влажни и мокри простории, купатила, тушеви, кујни.
  • Подлоги: сите врсти минерални малтери, бетон, сите врсти естизи, цементни, гипсфазер и Кнауф плочи, камен дрво, дрвени плочи итн.
  • Додатен прибор: Кнауф хидроизолациска лента

 

Упатство за употреба: Подлогата мора да биде доволно рамна, носива, несвиткувачка, непропустлива, сува, цврста, чиста, обеспрашена. Пукнатините и фугите да се пополнат со глет маса. Не смее да дојде влага преку надворешните ѕидови или подот до површината која сакаме да ја изолираме. Подлогата најпрво треба да се грундира со Knauf Grundierung или разреден Кнауф хидроизолациски премаз (1:4 со вода) и се остава потполно да се исуши. Неразреден Кнауф хидроизолациски премаз се нанесува со валјак или четка на веќе грундираната подлога и се остава потполно да се исуши. Дури откако потполно ќе се исуши слојот се нанесува нов слој. Секогаш да се нанесуваат 2 до 3 слоја. По нанесувањето на на првиот неразреден слој, на ивиците ѕид-ѕид, ѕид-под, на свежо нанесениот слој се поставува , втиснува Кнауф хидроизолациска лента. По поставувањето на лентата, задолжително преку истата треба да се нанесе слој од премазот. Поплочувањето следи после потполно сушење на изолираните површини.

 

Внимание:Не се препорачува за подлоги кои се постојано изложени под вода (базени). За надворешна употреба се препорачува да се употребува само на ѕидови. Врз хидроизолацискиот премаз не може да се користи дисперзиски (кашест еластичен) лепак за керамика.

 

  • При зголемена влажност и ниски температури, времето на сушење се продолжува.
  • Да се складира на ладно место кое не е изложено на мраз и директно влијание на сонце.

 

Температура на обработка и подлога: од +5ºC до +25ºC

 

Постојаност: од -20ºC до +150ºC

 

Разредување за грундирање: 1 : 4 со вода

 

За хидроизолирање се нанесува НЕРАЗРЕДЕН

 

Време на сушење (на +20ºC и релативна влажност на воздухот од 50%)

  • Помеѓу слоеви на премазот: 2 – 3 часа
  • Пред поплочување: 12 часа

 

Потрошувачка: Од 900-1300 gr/m² (за 3 слоја).

Рок на траење 18 месеци

 

 

Тип на производ: Канта

Тежина: 5 kg