Политика за начин и услови на испорака на производи на Кармен Бауцентар ДООЕЛ

Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа од поставувањето на нарачката. Во согласност со нашите можности, производот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Кармен Бауцентар ДООЕЛ Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши. Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.

Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би презеле мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.