Политика за начин и услови за поврат на средства на Кармен Бауцентар ДООЕЛ

Онлајн продавницата knauf.mk/shop/ обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од http://knauf.mk/shop/ под долу наведените услови:

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса:

Кармен Бауцентар ДООЕЛ Скопје

ул. Качанички Пат б.250

Поштенски фах 763

1000 Скопје

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење на производот.

Онлајн продавницата knauf.mk/shop/ има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб сајтот  http://knauf.mk/shop/. Нашата политика за враќање на производ и парични средства е достапна на нашиот веб сајт. Ви препорачуваме при секоја посета на веб сајтот да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.