Cleaneo Up готови акустични панели

Готови Кнауф акустични панели.

Готови акустични панели од Cleaneo плочи, со фабрички обработени рабови. Вградената конструкција ви овозможува „направи сам“ пристап во воведувањето на нов дух во Вашиот дом или канцеларија. Само изберете димензии и висина на спуштање, и со само неколку кратки потези уживајте во дизајнот на вашиот таван, во чистиот воздух без мириси или во музиката која за прв пат ќе ја слушнете во квалитет каков што заслужува. Cleaneo плочите се достапни во различни бои на завршна обработка: стандардна бела или новата бетон-сива боја.

ДЕТAЛИ

Кнауф Cleaneo разградува штетни материи:

  • Делува постојано 24 часа дневно и има потполно неутрален мирис.
  • Има забрзано дејство при движење на воздухот во просторијата (тавански вентилатор, клима уред исл).
  • За потполн ефект не се потребни други дополнителни услови (УВ-зрци).
  • Обемот и ефектот на разградување на штетните гасови зависи од нивната концентрација во воздухот, површинската обработка на плочите, типот на перфорација, движењето на воздухот и степенот на застапеност на Кнауф Cleaneo во просторот.

 

Кнауф Cleaneo ја подобрува акустиката и се користи како решение за простории со долга реверберација (ехо) при стандарден говор или музика. Плочите делуваат на два начини. Прво, дупчињата пропуштаат голем дел од енергијата да помине низ плочата и да се изгуби во просторот позади плочата, а филцот залепен на позадината на плочата не дозволува да се врати назад. Процентот на перфорација и типот на дупчињата диктираат различна впивачка моќ кај плочите.

За задоволување на декоративни и акустични барања и за прочистување на воздухот. Кнауф Cleaneo е идеален за:

  • училишта
  • детски градинки
  • болници
  • домови за стари и изнемоштени лица
  • хотели
  • ресторани
  • канцеларии
  • коцертни и кино сали
  • јавни установи

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf Cleaneo технологија
Knauf Cleaneoфевруари 2006
Опис на акустични панели Варијанта Бр. на производ EAN

Cleaneo UP

Готови Кнауф акустични панели

8/18 R, 800 x 1600 mm бела 00476577 4003982322050
8/18 R, 800 x 1600 mm Betonoptik 00476582 4003982322074
8/18 R, 1000 x 2000 mm бела 00476580 4003982322067
8/18 R, 1000 x 2000 mm Betonoptik 00476583 4003982322036