Амбиентална клима

Здравје во станбениот простор

Беспрекорноста, здравјето на еден простор, мора да е повеќе од критериум при изборот на градежни материјали за домот. Кнауф гипсот во нашите материјали воведува микроклиматизација и контрола на температурата и влагата во просторот во кој функционирате. Природата нашиот гипс го обдарила со сите предности кои се важни во еден простор за живот и работа.

Минерален гипс – чиста природа

Воведувањето на Кнауф гипсот во вашиот простор ви донесува:

  • Оптимална pH-вредност на површините кои Ве опкружуваат
  • Материјал кој секогаш ја регулира влажноста на воздухот, до оптимално ниво (40-60%)
  • Материјал со докажано отсуство на било какви штетни материи (VOC, тешки метали, радијација, итн.)
  • Целосно рециклабилен материјал
  • Материјал со одлични параметри на градежната биологија