Црно на бело. Кнауф во борба против мувлата.

Дополнителни информации за семинар
Семинарот е погоден за: архитекти, градежни инженери и контролори на ЕЕ
Место: Кнауф Скопје
Започнува: 12:00 часот
Траење: 2 часа
Број на слушатели: 24
Материјали: Брошури и технички листови за материјалите.

Тивкиот убиец во домовите. Германија има 2,5 милиони домови нападнати од мувла. Колку има Македонија?

Колку домови знаете со импресионистички пејзажи од мувла по ќошевите и фасадните ѕидови, позадините на големите плакари, тоалетите?

Мувлата ја нарекуваме тивок убиец, бидејќи многу полека и многу сигурно го напаѓа телото и умот на луѓето кои ја вдишуваат и води кон сериозни компликации на здравјето.

Кнауф има многу начини да ја спречи или уништи мувлата, а тие се наоѓаат во нашата палета за сува градба, фасадни системи и средствата за чистење и нега.

На овој семинар, ќе ги претставиме сите решенија и инженерската математика позади секое. Ќе биде многу информативно. Пријавете се.

Регистрирајте присуство на овој семинар