ПП заптивање и заштита со Кнауф FireWin решенијата

Дополнителни информации за семинар
Семинарот е погоден за: ПП инженери и инспектори, архитекти, градежни инженери, електро и машински инженери
Место: Кнауф Скопје
Започнува: 12:00 часот
Траење: 2 часа
Број на слушатели: 24
Материјали: Брошури и технички листови за материјалите.

Пасивната заштита е основната одбрана од пожар и заштита за човечките животи и добра. Издржаните Кнауф ѕидови, традиционалните масивни елементи, меѓукатните конструкции стабилно ја вршат компартменизацијата на објектите и се способни долго да го задржат пожарот во еден сектор на објектот.

Но, што е со пробивите на инсталациите во објектите? Дали ѕид или под со десетина отвори од 25cm ја има истата ПП заштита пропишана со барањата и атестните докази? Да, доколку издржано се обработат пробивите.

Кнауф FireWin е широка палета на firestop материјали, т.е. материјали за противпожарно заптивање на продори која атестирано ја враќа ПП заштитата на ПП елементите. Ѕидови и подови од бетон, керамички и пенобетонски блокови, дрвени или композитни панели и Кнауф сувомонтажни системи.

На семинарот, теоретски и практично ќе покажеме како се планираат, изведуваат и контролираат овие системи.

Регистрирајте присуство на овој семинар