Акустичен комфор со Кнауф

Дополнителни информации за семинар
Семинарот е погоден за: архитекти и инженери
Место: Кнауф Скопје
Започнува: 12:00 часот
Траење: 2 часа
Број на слушатели: 24
Материјали: Софтвер за пресметка, мустри од плочи, соодветни технички листови за ѕидови, тавани и ѕидни облоги за акустички дизајн.

Дали секаде, во домот, во ресторан, во просторија за состаноци, ги слушате звуците со квалитет кој им доликува? Дали говорот во една просторија е на разбирливо ниво? Дали ученикот во последната клупа слуша исто како и оној на првата клупа? Дали гостите во барот од Вашиот проект уживаат во удобноста на истиот или се борат да го надгласат соседот од масата до нив? Дознајте повеќе за Кнауф системите кои ќе направат сите Ваши проекти да добијат потврден одговор на горниве прашања. Испланирајте ја акустиката на Вашиот проект според намената на просториите. Добијте алатка за вакви пресметки и користете ја.

Регистрирајте присуство на овој семинар