Заштита на челични конструкции со Кнауф

Дополнителни информации за семинар
Семинарот е погоден за: архитекти, градежни инженери и изведувачи на челични конструкции
Место: Кнауф Скопје
Започнува: 12:00 часот
Траење: 2 часа
Број на слушатели: 24
Материјали: Брошури и технички листови за материјалите.

Челикот сеуште е еден од најсовремените, а станува и еден од најкористените материјали за изведба на конструкците на објектите. Брзо се изведува, може да премости големи растојанија, лесно се заштитува од корозија и има огромна трајност. Најголемата маана му е термичката нестабилност. На температура од 800˚С тој губи 90% од својата носивот, а тоа е температура на стандарден пожар, каков може да се случи во било каков простор. Станбен, деловен, индустриски, магацински... Таков пожар и брз колапс на конструкцијата би одземал многу животи. Вакви примери низ светот, за жал се множат секојдневно.

Дознајте како Кнауф и неговите системи за пасивна ПП заштита можат да го одложат постигнувањето на овие критични температури во челичната конструкција и да Ви помогнат Вашите објекти да спасат животи и добра.

На семинарот ќе бидат опфатени информации за системите за ПП заштита на челични конструкции и тоа:

  • Vidifire и Fireboard сувомонтажни системи за заштита
  • Vermiplaster и Sibaterm противпожарни малтери
  • FirePaint Steel систем на противпожарна реактивна боја

Ќе бидат прикажани начините на пресметка, применливоста на системите, предностите на секој систем, а преку практични примери ќе биде анализирана и економичноста на секој од овие системи.

 

Регистрирајте присуство на овој семинар