W11.mk Кнауф сувомонтажни преградни ѕидови

Системи на челична потконструкција и двострана облога од гипсени плочи.

Сувомонтажни преградни ѕидови, со варијанти на потконструкција и типови на плочи, согласно барањата за изолациски и механички карактеристики.

 

Подрачје на примена

Преградни сувомонтажни ѕидови се користат како прегради во објектите со предности во однос на:

  • Противпожарноста
  • Звучната изолација
  • Отпорноста
  • Носивоста на тежина
  • Отпорност на удар
  • Брзата монтажа и демонтажа
  • Можноста за спроведување на инсталации

СИСТЕМИ

W111.mk Кнауф преграден ѕид

Единечна потконструкција и двострана еднослојна облога од гипсени плочи, чиј тип ќе го одреди квалитетот на ѕидот во однос на противпожарност, звучна изолација и носивост.

 

W112.mk Кнауф преграден ѕид

Единечна потконструкција и двострана двоослојна облога од гипсени плочи, чиј тип ќе го одреди квалитетот на ѕидот во однос на противпожарност, звучна изолација и носивост, отпорноста на удар и максималната висина на системот.

W113.mk Кнауф преграден ѕид

Единечна потконструкција и двострана еднослојна облога од гипсени плочи, чиј тип ќе го одреди квалитетот на ѕидот во однос на противпожарност, звучна изолација и носивост. Постигнува ниво на противпожарностн и до 180 минути, при употреба на противпожарни плочи.

W115.mk Кнауф преграден ѕид

Двојна потконструкција за висока звучна заштита на системот, двострано двослојно поплочени со гипсени плочи, чиј тип ќе го одреди квалитетот на ѕидот во поглед на звучната заштита, противпожарноста, носивоста, максималната висина, итн. Праксата го сместува во системи погодни за поделба на станови.

W116.mk Кнауф инсталациски ѕид

Двојната потконструкција на системот формира јадро низ кое можат да се спроведат и широки инсталации, како оние за одвод на вода, вентилација и сл. Типот на употребените плочи, повторно ја одредува ПП заштитата, звучната изолација и механичките параметри на системот.

Детали

Downloads

шифраознакадатапреземи
W11 – Кнауф преградни ѕидовиаприл 2019PDF