K25.mk Fireboard системи за заштита на дрвени или челични греди и столбови

Со употребата на Fireboard плочи за заштита на носивоста на столбови или греди од челик или дрво, се постигнува ПП заштита до F180.

 

Подрачје на примена

За ПП заштита на носиви греди и столбови, т.е. за одложување на времето на постигнување на критичната температура за губење на носивоста на елементи од дрво и челик.

 

СИСТЕМИ

K252.mk Кнауф Fireboard облога на челична греда

Системот K252.mk со Кнауф Fireboard се монтира на носечка потконструкција од CD- профили, соодветно прикачени на носечката греда со посебни врзни елементи - клипови. Дебелината на облогата зависи од параметрите на профилот и нивото на ПП заштитата.

K253.mk Кнауф Fireboard облога на челични столбови

Системот K253.mk се изведува со метална потконструкција на клипови или без метална потконструкција со поврзување со кламерки.

K254.mk Кнауф Fireboard облога на дрвени греди

Системот K254.mk се изведува со директно шрафење на плочите на дрвените греди, со соодветни шрафови за таа намена.

K255.mk Кнауф Fireboard облога на дрвени столбови

Системот K255.mk се изведува без потконструкција, со директно прицврстување на плочата со шрафови од Кнауф системот.