Течна кошулка и подно греење

Кнауф FE50 Largo, течна гипсена кошулка и системи за подно греење. Напредно решение за енергетска ефикасност во објектите.

Гипсената течна кошулка има висока термичка преносливост, системот создава совршен контакт со цевките и мала минимална дебелина на слој, кој треба да ја покрие цевката. Резултат на овие три предности е двојно пократкото време за постигнување на температурата кај подните системи за греење, при директна споредба со цементни кошулки. Посебнопогодна за оваа намена е кошулката FE50 Largo.

 

Подрачје на примена:

Станбени и деловни простории каде е потребна висока енергетска ефикасност на системите за греење, мали висини на системот на кошулка и напредна рамност на кошулката.

СИСТЕМИ

Течна кошулка со подно греење, изведба А

Системот за подно греење е вграден во течната кошулка и заедно лежат на слојот од изолација.

Течна кошулка со подно греење, изведба Б

Системот за подно греење е вграден во фабрички засеци во изолацискиот материјал, над кој, над поставена ПЕ фолија, се разлева гипсената кошулка.