Извртено торзо

Облакодерот „Извртено торзо“ (Turning Torso) во шведскиот град Малме е дело на прочуениот шпански архитект Сантијаго Калатрава. Со своите 190 метри висина е највисоката зграда во Скандинавија и една од највисоките во Европа. Објектот се состои од девет пентагонални сегменти од по пет ката, кои се „поставени“ еден врз друг со прогресивна ротација околу централната оска во правецот на движење на стрелките на часовникот. Двата најдолни сегменти се канцелариски простор, а преостанатите седум сегменти содржат луксузни апартмани. Во „Извртено торзо“ се вградени разни типови гипсени плочи на Кнауф на вкупна површина од 114.000 метри квадратни, а опсежно се применети и нашите системи за спуштени плафони.

Локација