Алианц арена, Минхен

Минхенскиот стадион кој прерасна во еден од најпрепознатливите симболи на глобалниот фудбал беше изграден за потребите на Светското првенство што се одржа во Германија во 2006 година, а уникатниот дизајн на Жак Херцог и Пјер де Меурон за прв пат беше претставен пред јавноста пет години пред тоа.  Целокупната сума вложена во изградбата на стадионот, облагородувањето на непосредната околина и во унапредувањето на инфраструктурата изнесуваше околу 500 милиони евра.

Во „Алианц арена“ (Allianz Arena) се употребени околу 230.000 метри квадратни разни видови гипсени плочи и 60 тони малтери на Кнауф. За изведба на коридорите во внатрешноста на стадионот се исползува Кнауф системот D131. Специјалните Knauf Fireboard плочи беа употребени за противпожарна заштита на локациите околу каналите за вентилација. Во ентериерот на спортската арена беа употребени 12.000 метри квадратни од противпожарните гипсени плочи Knauf GKFI. Покрај продуктите од гипс, во арената се вградени и Aquapanel outdoor цементни плочи.

Проект

Авангардната конструкција на објектот се базира на идејата за користење на материјали кои го сведуваат на минимум непотребното заземање на квадратура од страна на самите градежни материјали.

Употребата на ѕидните системи на Кнауф успешно се вклопи во возбудливиот ентериер на стадионот. Огромниот гастрономски простор со површина од 6.500 метри квадратни, заедно со канцелариите, конференциските сали, делот за прес – конференции и ложите се целосно изведени со употреба на гипсени и цементни плочи. Кнауф системите овозможија совршени решенија за софистицираните технички и дизајнерски барања.

 

Локација