Канцеларија на сојузниот канцелар, Берлин

Седиштето на сојузниот германски канцелар (Bundeskanzleramt) се простира на 12.000 метри квадратни во строгиот центар на Берлин. Во овој современ симбол на германската иновативност и технолошки достигнувања во градежништвото, врвни архитекти и инженери очекувано ги применија највисоките стандарди и ги вградија најквалитетните материјали.

Гипсените малтери на Кнауф, меѓу кои популарниот „Rotband“ и машинскиот „MP 75“ малтер се нанесени на вкупна површина од околу 40.000 метри квадратни. За добра атхезија на малтерите врз бетонските површини врз кои беа употребени лубриканти за оплата, се погрижи „Knauf Betokontakt“. Конвексните и конкавните тавански површини се изведени со гипсени плочи од Кнауф, прицврстени на специјална префабрикувана конструкција од Кнауф профили. Производи на Кнауф исто така најдоа место во подигнатите подови, како и во „cavity space“ подовите, врз кои беа применети неколку значајни технолошки иновации кои го карактеризираат овој објект.

Локација