Филхармониска сала Елба, Хамбург

Новата Хамбуршка филхармонија неспорно е бисер на модерната архитектура и совршен инженерски подвиг во делот на изведба на уникатната форма и барањата на градежната физика. Авторите од веќе легендарното “Herzog & De Meuron” ги искористија можностите на позицијата на објектот - пристаништето во Хамбург, талентот собран во нивното студио и храброста да се посегне по вака комплексни форми и довербата во Кнауф, да испланираат објект кој целосно ќе го смени хоризонтот на Хамбург, а сигурно и ќе стане нов симбол на градот.

 

Кнауф, освен веќе стандардните системи на ѕидови, тавани и системи за пасивна ПП заштита, во ова совршено дело ги вгради своето искуство во производство на системи по мерка (преку одделот KnaufDesign) и целосно верно на замислата на архитектите ги изведе најодговорните елементи на објектот – површините кои во ист момент мора да пленат и со естетиката и со функцијата во акустичната обработка на главната сала.

 

Акустиката на објектот ја има изработено познатиот Јасухиса Тојота, од студиото “Nagata Acoustics”, со употреба на современ акустички софтвер, кој користи современ алгоритам за совршено вкопмонирани дизајн и акустика. Кнауф, неговата безгрешна идеја, ја изведе со посебно произведени 10.000 панели од гипс-фазер плочи, рачно изрезбани до совршено изработени островчиња, создавајќи широки површини, прекинати само од појасите со седишта или по некоја од оние 1.000 рачно изработени стаклени сфери, кои се одговорни за осветлување на просторијата. Колегите од Кнауф Интеграл, одговорни за планирање и производството на гипс-фазер панелите, велат дека било задоволство да се работи за толку прецизен, модерен објект и тим со толку строги познавања и барања за акустика.

Локација