Соравиа ресорт

Проектот за изградба на резиденцијалниот комплекс „Соравиа ресорт“ е дел од стратегијата на Соравиа груп да инвестира во пионерски проекти во земјите во кои е присутна. Концептот опфаќа целосна грижа за заедничкиот простор, во смисла на чистење, одржување, обезбедување, независен индивидуален систем за греење и ладење, а во комплексот има и спа-центар со базен, сауна и простор за фитнес. Со постигнатите стандарди за енергетска ефикасност, објектот ги исполнува критериумите за да добие енергетски пасош 2020.

 

Инвеститор: Соравиа Ресорт доо Скопје

Проектант: Радо Инженеринг

Изведувачи:

  • Кнауф Сува градба - Мал Меи Кнауф
  • Машинско малтерисување - Мак Дизајн

 

Употребени материјали:

  • Гипсени плочи
  • W112 – 60.000 m2
  • W623 – 12.000 m2
  • D112 – 2.100 m2
  • Гипсен малтер MP75 L – 220 t
  • Aquapanel – 350 m2

Проект

Господин Ѓоко Радовановиќ, од „Радо инженеринг“, фирмата што го проектираше „Соравиа ресорт“, посочува дека задачата што ја добиле од инвеститорот била да се направи објект што според европските стандарди се класифицира како ВИП.

Проектантот се реши за системите Кнауф, бидејќи тие му овозможуваат исполнување на барањата за висока звучна заштита, одлична термичка изолација, како и противпожарна заштита. Во исто време, биолошката беспрекорност на материјалот дава повисок квалитет на живеењето. Применетите системи Кнауф му даваат на купувачот на стан голема флексибилност. Идниот станар може да го менува распоредот на собите според своите потреби уште во текот на градбата, а и при евентуалното реновирање. Во преградните ѕидови на Кнауф се вградени многубројни централни инсталации кои при идна реконструкција може лесно да бидат променети.

Локација