Скопје Сити Мол

Инвеститор: Балфин МК

Архитекти:

  • Laguarda.Low Architects, Тексас, САД
  • DSC Design, Скопје, Македонија

 

Кнауф партнери:

  • Акустик Дизајн
  • Гипсар

 

Кнауф изведувачи:

  • Монтажа Дизајн
  • Монтажа Проект
  • Филип Прима Ексклузив
  • Вист Инвест
  • Мал Меи
  • Срма
  • Алфа Арт
  • Квин Дизајн
  • Силвер монт
  • Куба Дизајн
  • Монтер фантазија

 

Кнауф материјали:

  • Кнауф стандардни плочи А13 – 120.000 м2
  • Кнауф противпожарни плочи F13 - 10.000 м2
  • Кнауф плочи отпорни на влага H13 - 10.000 м2
  • Малтери Кнауф MP 75 - 90 тони
  • Мултикино: систем на преградни ѕидови DIVA со МW профили- 2.500 м2
  • Ревизиони отвори - 200 парчиња

 

Проект

Еден од посериозните предизвици при изградбата на Скопје Сити Мол беше акустичниот комфор во Синеплекс мулти-кино комплексот. Имајќи во предвид дека на простор од околу 1000м² се сместени 9 киносали со различен капацитет, звучната изолација на преградните ѕидови беше приоритетен услов.

Вградени беа ѕидови од типот Кнауф DIVA, специјално наменети за киносали, кои освен звучната заштита од 73dB, ги задоволуваат и UCI- стандардите за кино сали, а вклучуваат и употреба на неколку висококвалитетни плочи и тоа: масивни противпожарни плочи 20mm, 25mm, посебна А1 класа на противпожарна плоча Fireboard, како и 12,5mm плочи со зголемена звучна изолација Knauf Diamant.

Масивните и Fireboard плочите, дополнително позитивно влијаеја на системот, со поефикасно ловење и на ниските фреквенции на звук, со што оневозможија пренос на басот, кој сè повеќе е присутен во звукот на модерните „блокбастери“.

Како носачи на ѕидните облоги се јавија два типа на профили. CW100 и MW100. Стандардниот CW100, со својата ширина овозможува достигање на поголеми висини на ѕид, погодни за вакви позиции. На дел од позициите се сретнува и MW100, кој е дополнително напреден профил за вакви системи. Она што го разликува од стандардниот CW профил, е дополнителното „стомаче” во дизајнот на профилот, кој амортизира уште поголем дел од звучните вибрации и нуди дополнителни 5-10dB во системот во кој се планира.

Системите освен огромната звучна изолација, исполнија и високи ПП барања, од минимум 90 минути, кои би можеле да бидат исполнети и со многу послаб систем, кога не би биле високите барања за звучен комфор.

Системите беа исполнети со квалитетна минерална волна од програмата на Knauf Insulation, а дополнително, на многу позиции, пресувана камена волна беше лепена и на готовите преградни ѕидови, со цел да се овозможи поголема апсорпција на звукот. Завршно, на ваквите позиции е поставено црно платно, кое освен апсорбирачка, има и декоративна улога.

Локација