Национален театар

Театарската зграда се простира на вкупна површина од 7.200 метри квадратни. Фоајето е на три нивоа, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Големата сцена е со 15 мали и две големи платформи, додека бочната сцена има шест движечки платформи и интербина со ротирачка платформа.

 

Идејниот проект го изработи архитектот Јован Стефановски – Жан. Во изградбата учествуваа бројни домашни и странски градежни компании, меѓу кои: Бетон Штип, Штрабаг, Ламоне Мореда и Електро лаб.

 

Проект

Архитектот, г. Јован Стефановски – Жан, кој самиот е голем познавач на модерните технологии на градење, уште во проектот имаше испланирано употреба на сувомонтажни елементи, особено во делот на декоративниот таван во главната сала на Театарот. Ретко кое око, во 3D рендерот на таа масивна градба, може да види простор за технологија која истото ќе го реши, со решение со систем, тежок само 30-ина килограми на метар квадратен, наместо процедура на изградба на купола, со лиени елементи, поврзувани на некаков начин, кои би тежеле неколку десетици пати повеќе и не би имале печат на систем на себе.

Она што Кнауф од Скопје го доби како информација, беа барањата на позицијата, за вкупната тежина на дополнителните декорации, барањата за противпожарност и dwg-датотека од основата и за пресеците на елементите. Постоеја два сложени елемента за изработка - куполата над главното гледалиште и декоративниот свод над оркестрата.

Одговорни за изработка на елементите беа нашите германски колеги од тимот во Ипхофен, кои ги изработија калкулациите за потконструкцијата на елементите, како и типот на облогата, која мораше да ги исполни сите барања на проектантот. Куполата, која е стандарден систем, во нашите технички листови заведен под шифра D193, мораше да претрпи неколку измени, за да може целосно да ги задоволи барањата на проектот. Основниот елемент на куполата, свитканите CD-профили добија појака секундарна потконструкција од прстени од челични кутиести профили. За нивно прикачување, беа употребени држачи Nonius, со класа на носивост до 40kg и висока класа на противпожарност, кои се прицврстени на АБ таван со челичен сидрест клин, од програмата на Кнауф. Имаше и посложени барања во куполата.

Освен декорациите по цела површина на куполата, постоеја и концентрирани декорации, со голема тежина, во окулусот на куполата и на нејзиниот надворешен радиус. Дополнително, за преземање на овие товари, беа испланирани 5 прстени, изработени од двојни UA-профили, со дебелина од 2mm, кои ги презедоа овие товари, а кои самите се прикачени на носечката АБ-таван со M8 челични вретена. Конечно, целиот систем беше двослојно обложен со противпожарни гипсени плочи, кои во нашата фабрика во Ипхофен беа по мерка искроени во трапезоидна форма, со цел да се овозможи лесна и брза монтажа, трајна површина и совршена естетика на добиениот производ.

Монтажата ги следеше стандардните принципи на двослојно обложување со гипсени плочи, при што се избегнуваа крстести споеви и нивно преклопување со споевите од долниот слој. Како маса за фугирање, на сите декоративни позиции употребен е Кнауф Унифлот, висококвалитетен и високоеластичен гипсен материјал за исполнување на споеви, кој гарантира трајни и квалитетни споеви. Врз целиот систем на куполата поставена е минерална волна, која овозможува впивање на звукот што ќе навлезе во просторот над неа, како и одржување на истото ниво на противпожарност и во насока „одозгора надолу”.

Втор елемент беше елементот над оркестрата, кој за разлика од куполата, која има еден радиус на свиткани профили, имаше свиткани профили по двете оски, со променлив радиус и со исти барања за дополнителни декорации по целата површина. Стандардно, монтажната потконструкција е составена од свиткани CD-профили, а во овој случај, носечката потконструкција е изведена од свиткани UA-профили, посебно прикачени на носечката конструкција над елементот. Целата површина на елементот е прекината од 3 лажни греди, коишто, исто така, се монтажни елементи, кои по пресметките од нашиот тим во Ипхофен, беа составени од свиткани UA-профили, што со посебни прифатни плочки, прикачени се на АБ таван и меѓусебно се поврзани со свиткани CD-профили, кои ја оформуваат гредата.

Локација