Метрополис арена

Како од обична саемска хала да се направи концертна хала со одлична акустика? Концертна хала кадешто ќе се одржуваат музички настани од највисок ранг, како што е, на пример, Скопскиот фестивал.

Моќ да овозможат ваква трансформација имаат Кнауф Клинео Акустик плочите (Cleaneo Akustik), со чија помош Халата 1 на Скопскиот саем беше трансформирана во МЕТРОПОЛИС АРЕНА, место кое изминативе години беше домаќин на најпрестижните музички настани во Македонија.

Адаптацијата на МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА беше тежок предизвик... Од еден практично индустриски објект требаше да се добие повеќенаменска сала со модерен изглед и со флексибилност на просторот, но пред сè мораше да се обезбеди одлична акустика. На ниво на задачата беше архитектот и акустичар Трајко Трајковски, кој за својата работа доби пофалба и од славниот диригент Зубин Мехта. За успешноста на решението кое се темели на околу 1.000 метри квадратни Кнауф Клинео Акустик плочи, исто така доказ е позитивната оцена и согласноста на Израелската Филхармонија да одржи концерт во МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА.

Арената е со површина од 4.300 м2, и се наоѓа во склоп на Скопскиот Саем. Има можност да прими 5.000 посетители.

Проект

Пред проектантите постоеше голем предизвик – постојната саемска хала да се претвори во повеќенаменски простор, кој освен модерниот изглед и флексибилност на просторот, треба да ја обезбеди главната функција за која тој е наменет – одлична акустика.

Таванските вдлабнатини кај лантерните се решени со лебдечките гипсени „пердуви“, изведени со благ радиус, кои освен визуелниот ефект имаат улога и на рефлектори на звукот.

Секако, доминантен печат на акустиката оставаат околу 1.000 м2 Cleaneo Akustik плочите. Акустиката е добро осмислена и решението е доверено на компетентни и искусни професионалци.

За успешноста на решението доказ е позитивната оцена и согласноста на Израелската Филхармонија да одржи концерт во Метрополис Арената.

Локација