Македонска Филхармонија

Новиот дом на Македонската филхармонија се простира на површина од 12.400 метри квадратни. Располага со две сали, голема сала со 1.000 седишта и мала, повеќенаменска сала со 310 седишта. Објектот е изграден според идејното решение на архитектот Виктор Михајлов, а за планирање на акустиката беше задолжен светски познатиот експерт на ова поле Јорг Кумел. Во прилог на врвната акустика одат и материјалите кои се употребени при изградбата и специфичната архитектонска пластика.

 

Вградени Кнауф материјали и системи:

  • Преградни ѕидови (W112, W113, W115, W116).
  • Спуштени тавани (D112, Cleaneo, дизајн таваници).
  • Ѕидни облоги и спуштени тавани од фурниран гипс-фазер во главната и во малата сала, со точно пресметана акустика и изведба, поставени на Кнауф UA-профили, во различни рамнини.
  • Кнауф глет-маси SuperFinish и Finitura.

Локација