Дунав арена

Дунав арената е нов акватички комплекс во Будимпешта, изграден за потребите на Светското првенство во водени спортови 2017 година. Објектот има два базени и во својата стандардна конфигурација може да прими повеќе од 5.000 гледачи, но во зависност од барањата, со помош на монтажни трибини капацитетот може да се зголеми и до 15.000.

Маркантниот објект претставува значајно градежно достигнување и поради тоа што иако се работи за исклучително комплексен проект, изградбата траеше помалку од две години! За запазувањето на ваквиот импресивно краток рок, во голема мерка помогнаа и сувомонтажните системи на Кнауф.

Изведбата на комплексот беше спроведена имајќи ги во предвид барањата за еколошко и одржливо градење, а како дел од тој концепт, значителен дел од монтажните трибини после Светското првенство ќе се инсталираат и користат во други објекти.

 

Архитект: Марсел Ференц

 

Употребени Кнауф материјали и системи:

  • Drystar Boards – 1.000 m²
  • C3 профили – 16.000 m
  • W112
  • W626
  • D112

Локација