Super Finish

Готова глет маса

Super Finish e фабрички подготвена глет маса, специјално формулирана за професионалните изведувачи на сувомонтажни системи. Обезбедува супериорен квалитет на обработливост, одлично отворено време и вонстандардна леснотија при брусењето. Произведена е и полнета е под вакуум, со што е целосно ослободена од заробен воздух и меурчиња кои се појавуваат при употреба на стандардни материјали.

Винилниот состав на Super Finish обезбедува професионално ниво на завршна површина. Одличен за покривање на аголни лајсни, фаши, во тенок слој, или во подебел слој, погоден за рачно нанесување на текстури. Нуди основа за економично фарбање на ѕидовите, како и основа за најфините современи декоративни премази.

ДЕТAЛИ

 

  • Пократко време на мешање
  • Лесно лизгање, одлична врзливост
  • Подолго отворено време
  • Минимизирана појава на меури

 

Super Finish е наменет за завршна обработка на површини со К2-К4 квалитет.

При употреба на Super Finish, температурата на воздухот не смее да паѓа под 13°С. Препорачано е просторот убаво да се вентилира за да се одведе вишокот влага од просторот. Промешајте го материјалот, без додавање на вода. За покривање на фаши и аголни лајсни, употребувајте директно од кантата, а за глетување на големи површини, можно е разводнување на материјалот. Додавајте помали дози вода, за да не ја разредите премногу количината. Тестирајте ја густината пред секое наредно додавање вода.

Нанесување:
Наполнете ги споевите со материјал за исполна на споеви (со или без бандажна лента, во зависност од производот, т.е. Fugenfuller или Uniflott). Оставете да се исуши и лесно избрусете. По нанесувањето и на вториот слој од материјалот на спојот, оставете и тој да се исуши и повторно избрусете го. По исполната на главите на видливите шрафови, површината е спремна за нанесување на Super Finish. Тој се нанесува во оптимални три слоеви и се обработува до совршено мазна површина.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf Super Finish
Производ Варијанта Бр. на производ EAN-код
Super Finish 20 kg 00314860 81099018039