Rotband

Рачен гипс глет малтер.

Rotband е врзивен глет малтер погоден за секоја големина на објект и за секоја подлога. Тој е вистинско решение за помали површини, особено при реновирањето. Негова предност во однос на машинските малтери е малата минимална дебелина на нанесување и тоа го прави незаменлив кога треба да се измалтерисаат рамни ѕидови или тавани. Кнауф Rotband одлично врзува со сите видови подлоги вклучително и бетон.

 

Со Rotband е доволен само еден слој нанесување преку целата површина, затоа што со овој производ се врши и малтерисување и глетување во ист чекор. Со ова површината е веќе подготвена за бојадисување. Дебелина на нанесување: 5-50mm.

 

ДЕТAЛИ

• фабрички подготвен сув малтер
• еластичен
• издашен
• еднослоен
• готов за работа
• долговремена обработливост
• се стврднува рамномерно
• отпорен на гребење и притисок
• отпорен на ковање
• ја регулира климата

Се употребува за внатрешни површини за сите градежни подлоги (готови бетонски елементи, сите видови бетонски површини, гипсени плочи, цигли итн...).

Малтерот се меша во сад со чиста вода со електричен миксер се додека не се добие фина смеса без грутчиња. Се нанесува на ѕидот или таванот најдоцна 20 минути по мешањето и се порамнува со трапезна летва. Обработливоста на Кнауф Rotband е околу 90 минути. Откако гипсениот малтер ќе се врзе со водата, површината лесно се навлажнува и се филца со кружни движења со сунѓереста папуча. Со тоа се врши фино распределување на малтерот. Конечно, пред да стврдне малтерот се глетува со што се добива завршна мазна површина.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Кнауф малтериаприл 2006
Опис на производ Варијанта Бр. на производ EAN
Rotband 30 kg вреќа 00002862 4003982085160
5 kg вреќа 00154391 5310177000075