MP75
Гипсен глет малтер за машинско малтерисување.
MP75 е фабрички подготвен гипсен малтер со додатоци. Се користи како еднослоен внатрешен малтер за ѕидови и тавани на сите видови подлоги. Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата.
Многу впивлива подлога, се премачкува со Кнауф Грундирмител.
MP 75 е економично решение кога треба да се малтерисаат големи објекти.
ДЕТAЛИ
• пријатен за кожата
• еластичен
• издашен
• еднослоен
• голема брзина на малтерисување
• минимум растур на материјал
• брзо се стврднува
• отпорен на гребење
• отпорен на ковање
• ја регулира климата
• го задржува огнот
• можност да се структурира површината
• можност за лепење тапети и керамика
Еднослоен малтер за ѕидови и тавани. За внатрешна примена, вклучително и во кујни и бањи.
Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата. Се нанесува еднослојно, во хоризонтална насока, од горе кон долу.