MP75 SL

Гипсен глет малтер за машинско малтерисување – супер лесен.

Knauf MP 75 SL е супер лесен фабрички подготвен гипсен малтер, многу лесен за работа. Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата. Произведен според EN 13279 на база на минерални врзувачи, полнители и додатоци. Наменет е за сите внатрешни ѕидови и тавани.

 

  • Паропропуслив/ дишечки (до 2 cm)
  • Издашен – помала потрошувачка 7 kg/m²/1 cm слој
  • Подобра звучна и топлинска изолација
  • Може да се нанесе во подебели слоеви
  • Фино завршно покривање
  • Многу впивлива подлога, се премачкува со Кнауф Грундирмител

 

ДЕТAЛИ

  • Според EN 13279;
  • Волуменска густина 750-800 kg/ m3;
  • Јакост на притисок > 2,0 MN/ m2;
  • Јакост на затегнување при истегнување > 1,0 MN/ m2;
  • Површинска тврдост > 5,0 MH/ m2;
  • Густина околу 800 kg/m3
  • Топлоспроводливост околу 0,24 W/mK;
  • Отворено време за работа околу 3 часа;
  • Зрнатост максимално 1,2 mm;
  • Потрошувачка 7,0 kg/ m2/ cm дебелина;
  • Количество добиен раствор околу 135-140 L/ од 100 kg сув малтер;
  • Покривна способност за ѕидна површина: од 25 kg при дебелина на слој од 10 mm: 3,5 – 3,6 m2.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf MP75 SLмарт 2020