Finitura

Готова глет маса за ултра мазна површина и декоративни техники.

Finitura е висококвалитетна фабрички подготвена маса за завршно глетување, базирана на винил, со мат завршна површина со К4 квалитет. Има добро „отворено време“ и силно се врзува на гипскартонска плоча, малтер, бетон или тули. Ниското впивање на боја ја прави Finitura економично решение, особено кога се нанесуваат скапи висококвалитетни бои. Површината може да се бруси откако ќе се исуши, за да се отстрани некоја евентуално останата несовршеност.

ДЕТAЛИ

  • После нанесувањето, остатокот од материјалот може да се зачува во затворена канта
  • Лесно се нанесува
  • Извонредно мазна завршна површина
  • Мало впивање на боја - ја намаува потрошувачката на боја
  • Нема потреба од подлога
  • Dust control
  • Потрошувачка: до 300g/m2 со дебелина на слојот од макс. 0,2mm

Finitura е специјално формулиран за третирање на гипсени малтери, но исто така може да се нанесе на различни површини со одлични резултати, како на пример врз: гипскартонски плочи, бетон или ѕидарија.

Материјалот може да се нанесе и рачно и со помош на безвоздушна машина со минимум капацитет од 4 литри/минута. Препорачан е слој од максимум 3 mm кога се нанесува со рака. Кога се прска, материјалот може да се разреди со најмногу 1 литар вода на 20 кг. Препорачана величина на распрскувачот е 531. За најдобри резултати, се препорачуваат 2 слоја на нанесување, посебно кога се покрива малтер. Може да се примени како завршен слој после ставениот слој на Super Finish. После нанесувањето, површината може да се избруси, ако е потребно. Препорачана шмиргла број 280 или повисоко. Температурата на воздухот и површините за време на нанесувањето треба да биде минимум 13°С, а максимум 35°С.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf Finitura