Diamant тврда гипскартон плоча
Тврда гипскартон плоча за специјални ситуации.
Diamant е плоча за највисоки оптоварувања, базирана на напредните својства на алфа-гипсот и посебниот начин на производство, кој и овозможува зголемена густина, напредна цврстина и звучно-изолациска моќ. Лесна е за обработка, а исклучително цврста при експлоатација. Со самата зголемена крутост на плочата, зголемена е и носивоста на системите во кои влегува истата. Со истите врзни елементи, се добива поголема носивост.
Diamant тврдата гипскартонска плоча се користи во градежни системи со високи барања во областите:
- заштита од пожар
- заштита од бука
- постојаност при влага
- механичка отпорност
- противпровална заштита
ДЕТAЛИ
Diamant плочата ги обединува предностите на мазните гипсени плочи и високоотпорните гипсвлакнести плочи во еден производ. Со комбинација на тие својства Diamant плочата е идеално решение за примена во јавни објекти каде е важна цврстината, долготрајноста и квалитетот на ѕидната површина.
- Пожарна отпорност: Плочите ги задоволуваат сите барања за заштита од пожар кај преградните ѕидови и спуштените тавани. Сите овие системи се потврдени, согласно законската регулатива.
- Заштита од бучава: Во системи каде Diamant плочите се користат наместо стандардните Кнауф гипсени плочи од тип А, истите покажуваат исклучително висока звучна заштита.
- Стабилност: Површинската цврстина на Diamant плочите е два пати повисока во однос на противпожарната плоча од тип DF (според МКС EN 520), па така, истата гипсена облога на системот, може да се оптовари со поголем товар. Истата карактеристика овозможува и монтажа на повисоки прегради.
- Импрегнација: Diamant плочите имаат посебно импрегнирано гипсено јадро, кое овозможува димензионална стабилност во влажни услови, исто како и H2 импрегнираната плоча.
За позиции со висока звучна изолација и механичка отпорност, како и кај ѕидови со големи висини. Позиции со висока противпожарност и до 180 минути, во бањи, тоалети и кујни. Идеална за:
- училишта, детски градинки и спортски објекти
- здравствени објекти, болници
- хотели, фитнес и wellness центри
- јавни објекти со зголемена фрекфенција на луѓе
- банки, менувачници, финансиски институции
- високовредна станбена и деловна изградба
Опис на гипскартон | Должина (mm) | Дебелина (mm) | Бр. на производ | EAN |
Кнауф Diamant 12,5 mm |
2000 | 12,5 | 00072184 | 4003982182364 |
2500 | 12,5 | 00422379 | 4003982182395 |