Cleaneo Akustik Slotline гипскартон плочи

Кнауф Cleaneo гипскартон плочи со перфорирани или нажлебени отвори.

Кнауф Cleaneo гипскартон плочите со перфорирани или нажлебени отвори се изработени со стандарден формат или како касети, по правило со отсечени ивици од сите четири страни. Можат да бидат обоени во саканата боја.

 

Cleaneo плочите го прочистуваат воздухот во затворените простории разградувајќи ги штетните гасови и истовремено овозможуваат одлична акустика и дизајн на просторот. Кнауф Cleaneo дејствува 24 часа на ден, притоа нема натрупување на штетни материи, ниту трошење на плочите, така што дејството е практично неограничено.

 

Начинот на дејствување на гипскартон плочите Кнауф Cleaneo се базира на природниот катализатор Зеолит (Zeolithe), кој ги разградува штетните гасови и мириси на потполно безопасни составни делови како вода и јаглерод диоксид.

 

Кнауф Cleaneo разградува:

  • формалдехид и ацеталдехид - (чад од цигари)
  • формалдехиди (мебел, бои, средства за чистење)
  • додецени (мириси од теписи, тапациран мебел)
  • ароматизирани јаглеводороди (растворувачи, печатен материјал, горива)
  • триетиламин (мириси од риба)
  • хлорирани јаглеводороди (средства за перење и чистење)
  • бензоли (автомобилски гасови, бои, лакови, лепаци)
  • амонијак

ДЕТAЛИ

Кнауф Cleaneo гипскартон плочите разградуваат штетни материи:

  • Делува постојано 24 часа дневно и има потполно неутрален мирис.
  • Има забрзано дејство при движење на воздухот во просторијата (тавански вентилатор, клима уред исл).
  • За потполн ефект не се потребни други дополнителни услови (УВ-зрци).
  • Обемот и ефектот на разградување на штетните гасови зависи од нивната концентрација во воздухот, површинската обработка на плочите, типот на перфорација, движењето на воздухот и степенот на застапеност на Кнауф Cleaneo во просторот.

 

Кнауф Cleaneo ја подобрува акустиката и се користи како решение за простории со долга реверберација (ехо) при стандарден говор или музика. Плочите делуваат на два начини. Прво, дупчињата пропуштаат голем дел од енергијата да помине низ плочата и да се изгуби во просторот позади плочата, а филцот залепен на позадината на плочата не дозволува да се врати назад. Процентот на перфорација и типот на дупчињата диктираат различна впивачка моќ кај плочите.

Oбложување на ѕидови и тавани на потконструкција, за задоволување на декоративни и акустични барања и за прочистување на воздухот. Кнауф Cleaneo е идеален за:

  • училишта
  • детски градинки
  • болници
  • домови за стари и изнемоштени лица
  • хотели
  • ресторани
  • канцеларии
  • коцертни и кино сали
  • јавни установи

Можно е свиткување, со сува и со влажна постапка.

Кај сувата постапка можно е и конвексно и конкавно свиткување. Свиткувањето се постигнува со поставување на плочата на свиткана површина и нејзино прицврстување се додека не се постигне бараната кривина.

Кај влажната постапка можно е само конкавно свиткување, а влажноста се нанесува на плочата со ваљак (јарец), наместо со бодење на површината со посебна алатка како кај неперфорираните плочи. Се употребува контролирана количина вода за јадрото на плочата да остане суво.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf Cleaneo технологија
Knauf Cleaneoфевруари 2006
Опис на гипскартон плочи Димензии Бр. на производ EAN
Шлиц перфорација B 4 1200 x 2400 mm 00076187 4003982186027
Шлиц перфорација B 5 1200 x 2400 mm 00076188 4003982186041
Шлиц перфорација B 6 1200 x 2400 mm 00076189 4003982186065