Cleaneo Akustik SK плочи

Кнауф Cleaneo гипскартон плочи со перфорирани или нажлебени отвори.

Кнауф Cleaneo акустични плочи со перфорирани или нажлебени отвори се изработени со стандарден формат или како касети, по правило со отсечени ивици од сите четири страни. Можат да бидат обоени во саканата боја.

 

Cleaneo плочите го прочистуваат воздухот во затворените простории разградувајќи ги штетните гасови и истовремено овозможуваат одлична акустика и дизајн на просторот. Кнауф Cleaneo дејствува 24 часа на ден, притоа нема натрупување на штетни материи, ниту трошење на плочите, така што дејството е практично неограничено.

 

Начинот на дејствување на плочите Кнауф Cleaneo се базира на природниот катализатор Зеолит (Zeolithe), кој ги разградува штетните гасови и мириси на потполно безопасни составни делови како вода и јаглерод диоксид.

 

Кнауф Cleaneo разградува:

  • формалдехид и ацеталдехид - (чад од цигари)
  • формалдехиди (мебел, бои, средства за чистење)
  • додецени (мириси од теписи, тапациран мебел)
  • ароматизирани јаглеводороди (растворувачи, печатен материјал, горива)
  • триетиламин (мириси од риба)
  • хлорирани јаглеводороди (средства за перење и чистење)
  • бензоли (автомобилски гасови, бои, лакови, лепаци)
  • амонијак
 

ДЕТAЛИ

Кнауф Cleaneo разградува штетни материи:

  • Делува постојано 24 часа дневно и има потполно неутрален мирис.
  • Има забрзано дејство при движење на воздухот во просторијата (тавански вентилатор, клима уред исл).
  • За потполн ефект не се потребни други дополнителни услови (УВ-зрци).
  • Обемот и ефектот на разградување на штетните гасови зависи од нивната концентрација во воздухот, површинската обработка на плочите, типот на перфорација, движењето на воздухот и степенот на застапеност на Кнауф Cleaneo во просторот.

 

Кнауф Cleaneo ја подобрува акустиката и се користи како решение за простории со долга реверберација (ехо) при стандарден говор или музика. Плочите делуваат на два начини. Прво, дупчињата пропуштаат голем дел од енергијата да помине низ плочата и да се изгуби во просторот позади плочата, а филцот залепен на позадината на плочата не дозволува да се врати назад. Процентот на перфорација и типот на дупчињата диктираат различна впивачка моќ кај плочите.

Oбложување на ѕидови и тавани на потконструкција, за задоволување на декоративни и акустични барања и за прочистување на воздухот. Кнауф Cleaneo е идеален за:

  • училишта
  • детски градинки
  • болници
  • домови за стари и изнемоштени лица
  • хотели
  • ресторани
  • канцеларии
  • коцертни и кино сали
  • јавни установи

Можно е свиткување, со сува и со влажна постапка.

Кај сувата постапка можно е и конвексно и конкавно свиткување. Свиткувањето се постигнува со поставување на плочата на свиткана површина и нејзино прицврстување се додека не се постигне бараната кривина.

Кај влажната постапка можно е само конкавно свиткување, а влажноста се нанесува на плочата со ваљак (јарец), наместо со бодење на површината со посебна алатка како кај неперфорираните плочи. Се употребува контролирана количина вода за јадрото на плочата да остане суво.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Cleaneo ® Acoustic SK Boards – Installation guideјули 2014
Cleaneo ® Akustik SK Platten – Montageanleitungјули 2014
Knauf Cleaneo технологија
Knauf Cleaneoфевруари 2006
Опис на производ Варијанта Бр. на производ EAN
Расфрлена кружна перфорација PLUS R 8/15/20 R, 12,5 x 1200 x 1875 mm црна 00071404 4003982179616
8/15/20 R, 12,5 x 1200 x 1875 mm бела 00071405 4003982179630
8/15/20 R, 12,5 x 1200 x 2500 mm црна 00071408 4003982179678
8/15/20 R, 12,5 x 1200 x 2500 mm бела 00071409 4003982179692
12/20/35 R, 12,5 x 1200 x 1875 mm црна 00071416 4003982179739
12/20/35 R, 12,5 x 1200 x 1875 mm бела 00071417 4003982179753
12/20/35 R, 12,5 x 1200 x 2500 mm црна 00071420 4003982179791
12/20/35 R, 12,5 x 1200 x 2500 mm бела 00071421 4003982179814
Правилна квадратна перфорација Q 8/18 Q, 12,5 x 1188 x 1998 mm црна 00071257 4003982179203
8/18 Q, 12,5 x 1188 x 1998 mm бела 00071258 4003982179227
2/25 Q, 12,5 x 1200 x 2000 mm црна 00071322 4003982179395
12/25 Q, 12,5 x 1200 x 2000 mm бела 00071326 4003982196545
Правилна кружна перфорација Typ B4 R 6/18 R, 1224 x 2448 mm 00071428  
8/18 R, 1224 x 2448 mm  
10/23 R, 1196 x 2392 mm  
12/25 R, 1200 x 2400 mm  
15/30 R, 1200 x 2400 mm  
Правилна квадратна перфорација Typ B4 Q 8/18 Q, 1224 x 2448 mm 00071428  
12/25 Q, 1200 x 2400 mm  
Правилна кружна перфорација Typ B5 R 6/18 R, 1224 x 2448 mm 00071428  
8/18 R, 1224 x 2448 mm  
10/23 R, 1196 x 2392 mm  
12/25 R, 1200 x 2400 mm  
15/30 R, 1200 x 2400 mm  
Правилна квадратна перфорација Typ B5 Q 8/18 Q, 1224 x 2448 mm 00071428  
12/25 Q, 1200 x 2400 mm  
Правилна кружна перфорација Typ B6 R 6/18 R, 1224 x 2448 mm 00071428  
8/18 R, 1224 x 2448 mm  
10/23 R, 1196 x 2392 mm  
12/25 R, 1200 x 2400 mm  
15/30 R, 1200 x 2400 mm  
Правилна квадратна перфорација Typ B6 Q 8/18 Q, 1224 x 2448 mm 00071428  
12/25 Q, 1200 x 2400 mm