Aquapanel Indoor плоча

Водоотпорна лесна цементна плоча за внатрешна употреба.

Водоотпорна плоча со јадро од Портланд цемент и глина од двете страни, појачана со мрежичка од полимерни влакна. За трајна заштита од влага и вода во простории како што се базените, колективните тушеви, сауни и сл.

 

Ѕидовите изработени со Aquapanel® Indoor плочите се исклучително стабилни и оптеретиви, а архитектите имаат можност за слободно креирање и проектирање на “екстремно влажните” простории во објектите. Покрај тоа Aquapanel® Indoor дава битни предности во поглед на звучната заштита и заштитата од пожар (класа на противпожарност А1 според DIN 4102).

 

Водоотпорна алтернатива:

Во влажната и мокра околина, каде не е можна примена на гипсените импрегнирани плочи, повеќе нема потреба од долготрајната мокра постапка на класично ѕидање. Со сувомонтажната изведба со Aquapanel® Indoor се постигнува поголема продуктивност низ заштеда во време на градба и со намален волумен при транспортот.

ДЕТAЛИ

  • Водоотпорност на материјалот
  • Долговечност на материјалот
  • Единствена техничка обработка со сечење
  • Економична работа
  • Несогорување на материјалот
  • Докажани и потполни системи
  • Базени
  • Колективни тушеви
  • Сауни
  • Спа центри
  • Простории со постојана влага и висока температура во прехрамбенатa индустрија
Опис на производ Должина (mm) Дебелина (mm) Бр. на призвод EAN

Aquapanel–Indoor

водоотпорна лесна
цементна плоча-за внатре


широчина 1200 mm

 2500  12,5  00508268  4260021861196