Хопер

Сад за дозирање на материјал за лепење аголни лајсни/профили

Овој сад е дизајниран специјално за олеснување на нанесувањето на материјал за исполнување на споеви (лепило) на аголните лајсни/профили при нивно „лепење“. Има влезна порта со специјална конструкција за налегнување на лајсната.

 

  • Може да се подеси за употреба за лајсни за внатрешни и надворешни агли
  • Капакот заштитува од паѓање на отпад од надворешноста во материјалот
  • Рачки за полесно преместување и транспорт на хоперот
  • Брзо и чисто работење
  • Штеди од прекумерно нанесување на материјал на лајсната/профилот – рамномерно нанесување