Кнауф, трета деценија во Македонија
Македонија е една 80-те земји во светот каде Кнауф е застапен и со производство и со продажба на градежни материјали.
Кнауф Македонија е предводен од регионалниот менаџер на Кнауф, г-дин Тодор Деловски, кој е одговорен за Кнауф во југоисточниот дел на Европа.
Канцеларијата во Скопје, која е присутна во Македонија од 1994-та година и еодговорна за продажбата на Кнауф материјалите од производството од било која од 200-те фабрики низ светот, е техничко-маркетиншки сервис на клиентите. Таа вработува 14 лица, специјализирани за различни делови на продажбата. Дел од тимот во Скопје се:
Секој од тимот е специјалист за делот што го води, за системите, за материјалите и за можностите на истите. Долгогодишното искуство во комерцијалниот и технички дел на Кнауф системите ги прави совршен партнер за консултација и планирање на објектите. Одговорноста на Кнауф ја покрива целата територија на Македонија и сите Ви стојат на располагање за какви било прашања од нивната специјалност.
Услуги за купувачите (Customer Service):
Слободно обратете им се за информации од нивната специјалност и расчистете каква било дилема со начинот на работа на Кнауф.
Во 1997-ма година, завршуваат долгогодинешните преговори со фабриката Радика – Дебар и Кнауф, на местото на старата фабрика ја отвора најсовремената фабрика за производство на гипсени плочи, задржувајќи ги сите вработени и осовременувајќи ги нивните знаења и умеења.
Производната палета полека се проширува со повеќе нови производи, челични профили, прашкасти материјали, малтери, глет маси, маси за исполна, подни кошулки, подни материјали за порамнување, итн. Фабриката ја користи најквалитетната гипсена руда од наоѓалиштата во околината на Дебар и е една од најнаградуваните на светско ниво во Кнауф групацијата.
Дел од тимот на Кнауф Радика се: