ЧЕТИРИТЕ ВРЕДНОСТИ НА КНАУФВредности како основа за одржливо дејствување

ЧЕТИРИТЕ ВРЕДНОСТИ НА КНАУФВредности како основа за одржливо дејствување

Кнауф цврсто верува дека само компанија која е базирана на вредности може да обезбеди гаранција за стабилен развој и пронаоѓање решенија за предизвиците на иднината. Тие се принципите врз кои компанијата е основана и според кои нашите вработени делуваат до денешен ден.

Внатрешниот компас обезбедува ориентација

Во 2012 година овие вредности беа преформулирани и дефинирани како компас, според кој се води целата Кнауф групација. Вредностите, кои се засноваат на мисијата и визијата на компанијата, беа оформени во соработка со семејството Кнауф, кое и го иницираше процесот.

КОМПЕТЕНТНОСТА ИЗВИРА ОД ВРЕДНОСТИТЕ

  • Menschlichkeit

    Ние се гледаме самите себе, нашите клиенти и сите други кои се вклучени во нашето делување, како дел од едно големо семејство. Се залагаме за правда, интегритет и почит во меѓусебната соработка. Поставуваме пример со нашата општествена одговорност и се однесуваме со почит кон средината.

  • Партнерство

    Ние имаме взаемна доверба и можеме да се потпреме еден на друг. Како тим меѓусебно се поддржуваме секогаш кога тое е можно. Ние сме доверливи и лојални.

  • Посветеност

    Ние преземаме одговорност за нашата работа и ги земаме во предвид ефектите од нашите одлуки. Целосно сме посветени на обезбедување решенија и производи со највисок квалитет. Продолжуваме да го градиме нашиот заеднички успех и да го споделуваме нашето знаење.

  • Претприемништво

    Ние дејствуваме прагматично, ориентирани сме кон постигнување резултати и ги користиме нашите можности. Благодарение на своето претприемништво, Кнауф се разви од семеен бизнис, во глобална група на компании во сопственост на едно семејство. Со пионерски дух, иновативност и подготвеност да ги прифатиме промените, создаваме континуиран раст.