АСЕИЗМИЧКА ГРАДБА СО КНАУФ За оние ретки моменти кога мораме да бидеме сигурни во градбата во која живееме

ПОТРЕСОТ ДОАЃА И СИ ОДИ, А КНАУФ НЕ ДОЗВОЛУВА ТОЈ НИШТО ДА ОДНЕСЕ

Македонија лежи во еден од сеизмички најактивите појаси на светот, а последнава година како да сакаше да нè потсети на тоа. Кнауф градбите немаа никаква штета од овие потсетувања (серијата земјотреси во 09/16), а тоа се должи на флексибилноста и тежината на Кнауф системите.

Бесплатно симнување на книгата СЕИЗМИЧКИ ДИЗАЈН И СУВАТА ГРАДБА:

SEISMIC DESIGN IN DRYWALLING - DOWNLOAD

 

 

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ

Македонското градежништво е целосно ревидирано по катастрофалниот семјотрес во 1963-тата година. Инженерингот, архитектурата, статиката, подлежат на строги проверки од строгиот ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и сеизмика), кој будно бдее над градот Скопје од падините на Водно. ИЗИИС ги проверува карактеристиките на објектите низ цела Македонија уште во проект и нивната дозвола за градба значи дека објектот ги поминал нивните проверки и може да издржи силен земјотрес, без неповратни оштетувања и колапс.

Кнауф системите, преградните и фасадни ѕидови, таваните и ѕидните облоги, на сето тоа донесуваат и нова предност на објектите, а тоа е дополнително намалената тежина, флексибилноста на површините и деталите за отпорност на оштетувања при движење.

Сеизмичкиот дизајн во Македонија, како трусно подрачје, го претпочита лесниот и флексибилен скелетен систем (столбови и греди) на градба. Овој современ начин на носење на објектите се основа на флексибилноста, која во случај на потрес столбовите и гредите ја имаат по неколку оски. Оваа флексибилност е пак намалена, кога при вградувањето на ѕидаријата не се користат флексибилни споеви. Флексибилноста, од друга страна е главно начело на функционирањето на сувомонтажните системи. Со системско вградување на преградните или фасадните ѕидови, спуштените тавани, ѕидните облоги и останатите градежни елементи, гарантирана е трајноста и на естетиката и на функционалноста на објектите.

- Неповолно вкрутување кај ѕидаријата

Начинот на функционирање и флексибилноста на Кнауф преградните ѕидови не ја вкрутуваат скелетната конструкција на објектот. Вкрутувањето е непогодна врска при потрес и може да предизвика експлозивни пукања на напрегнатите места. Кнауф преградните ѕидови полесно ги прифаќаат движењата на објектот и претрпуваат помали оштетувања.

- Неповолна распределба на тежини. Станбен објект со деловен простор во приземјето?!?

При самата употреба на сувомонтажни системи, наместо традиционален ѕид од тешки блокови, објектите се олеснуваат за 25%, а нивните сеизмички сили се намалуваат за 15%. Во многу случаи, 15% намалување на сили значи разлика меѓу потрес само со материјална штета и потрес со штета и човечки жртви.

- Оштетување на фасаден ѕид, 6,3 степени по Рихтер, Адана -Чејхан, Турција, 1998-ма година.

- Пукнатина во облик на буквата Х, типична за оштетување на вкрутена ѕидарија, при хоризонтален земјотрес. Потенца, Италија, 1991-ва Година, 5 степени по Рихтер.

- Оштетување на сувомонтажен ѕид, при земјотресот во Крајстчрч, Нов Зеланд, 6,3 степени по Рихтер, Февруари 2011-та. Во Ноември 2016-тата, Крајстчрч повторно преживеа земјотрес со висок интензитет и големи штети.

- Мапа на земјотреси посилни од 5 степени по Рихтер, во периодот од Декември 2006-та до Мај 2015-та.

На крај, повторно природата останува највисокиот авторитет. Нејзината снага многупати била поголема од она што било која градба, правена по било кои стандарди би издржала, но современата градба е должна да направи сė, да заштити што повеќе животи и да зачува што повеќе од сė поскапиот простор за живот. Кнауф е секогаш тука да помогне, овој пат и во сеизмичкиот дизајн на објектите.

 

 

КНИГА: Сеизмички дизајн и сувата градба

 

Помалата тежина и флексибилноста на сувата градба носи фундаментални предности во сферата на асеизмичко градење. Оваа книга детално ги обработува таквите аспекти при изградба на нови, како и при реновирање на постоечки објекти.

 

Бесплатно симнување на книгата:

SEISMIC DESIGN IN DRYWALLING - DOWNLOAD