КНАУФ FIREWIN Нов авторитет во пасивната ПП заштита

Безбедноста над сè

Кнауф FireWin е палета на материјали за пасивна ПП заштита, која обезбедува највисоко ниво на противпожарна заштита на Вашите објекти. Материјали за заштита на конструктивните, носечки елементи на објектите, на каналите и на вентилациите, како и материјали за заптивање на сите пробиви низ противпожарните елементи (ѕидови, тавани, облоги).

 

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ:

Пасивната заштита на објектите подразбира употреба на системи за компартменизација, т.е. поделба на објектот на ПП сектори. При ваков план на објектот, евентуален пожар би бил долго време локализиран и раширен само во еден сектор. Секако, во денешно време секторските ѕидови и тавани се пробиваат со секакви инсталциски водови, цевки и канали, па пасивната ПП заштита веќе подразбира и ПП заптивање на ваквите отвори. Секако, заштитата на носечката конструкција на објектот е од примарна важност, без разлика на тоа од кој материјал е изведена.

Кнауф FireWin е програма која обрнува длабоко внимание на сите овие елементи на ПП заштитата на објектите. Кнауф FireWin програмата предвидува неколку можности за заштита на носечките конструкции на објектите. Самите тие можат да бидат изработени од бетон, од дрво, од челик, од ребрести лимови и сл.

 

Линк до официјалната глобална FireWin страна: http://www.knauf-firewin.com/mk