ПРОТИВПОЖАРНОСТ СО КНАУФ Сигурно си е сигурно

ПРОТИВПОЖАРНОСТ ВО ВИСОКОГРАДБАТА

Системска, структурална заштита на објектите е највисокото ниво на ПП заштита на истите. Преку искуства и докази, Ве советуваме до постигнување на највисоката ПП заштита на Вашите објекти

Човекот, скоро милион години го користи оганот за свои потреби. Кнауф, повеќе од 80 години му помага на градителот да го контролира оганот и да го заштити домот од неговата стихиија. Преку иновативни прозводи и сопфатна помош од искуството на нашите експерти, Ви нудиме поддршка при планирање на најдоодветни и најекономични решенија за пасивна ПП заштита на објектите.

 

За се построгите барања на правилниците, инвеститорите и очекувањата на пазарот, Кнауф преку својата палета има решенија и за најспецифичните позиции во градежништвото. Со повеќе од 50 производи и комбинации од повеќе од 120 системи, го отстрануваме ризикот од штети од пожар и до 240 минути во системите на преградни ѕидови, ѕидни облоги, облоги на канали и шахти, спуштени тавани, фасадни ѕидови (со и без КСИНТИ), заштита на конструктивни елементи од бетон, челик, дрво, трапезен лим, композитни панели и сл.

 

Поддржани од цела архива на актуелни, атестирани решенија и решенија со ЕТА (European Technical Approval), ќе го препорачаме, вградиме, провериме и сертифицираме решението кое највеќе одговара на Вашата потреба, барања и буџет.

Гипсот е неоргански материјал (минерал) од негорива класа (А1). Припаѓа на група најчесто користени материјали за ПП заштита, пред се поради процентот на вода, околу 20%, кој тој го има во составот. Во случај на опожарување, гипсот полека почнува да ја ослободува водата, во облик на водена пара, а ова одзема енергија од пожарот и го одложува покачувањето на температурата во самиот систем во кој гипсот е вграден.

За целосно испарување на вода од 15mm дебел слој на гипс, на 1m² површина, потребни се околу 8400 kJ енергија. Дехидрираниот гипс пак, кој останува по отстранувањето на водата, има понизок коефициент на топлопроводливост, па и на тој начин позитивно делува на ширењето на пожарот кон другите простории.

На графикот е претставен односот помеѓу времето во пожар и температурана на површината на гипсената плоча во пожар, спореден со стандардната крива на загревање на просторијата во пожар. На овој ефект ан дехидрација, се приклучува и армирањето на гипсеното јадро со стаклени влакна, кои не дозволуваат појава на пукнатини и пренос на пожарната енергија низ истите. Конечно, гипсеното јадро на Кнауф плочите е вкрутено или со картон од рециклирана хартија (кај плочите со А2 класа на реакција на пожар) или со обвивка од стаклени влакна (кај Fireboard плочите со А1 класа на реакција), за највисока отпорност кај изложеност на пожар.

Структурална ПП заштита – поглед кон иновативните системи и материјали

Рековме дека дел од ПП својствата на нашите системи се должат на кристалната вода во нашата сировина – гипсот. Таа го одложува запалувањето со нејзиното испарување, а потоа делува како одличен изолатор од толина.

 

Меѓутоа, структуралната ПП заштита и континуираното унапредување и подобрување на сиистемите од понудата секогаш е највисок приотитет на Кнауф. За тестирање на својатвата на постоечките и материјалите кои тек ги воведуваме, инвестиравме во еден од најмодерните комплекси за тестирање на ПП системи во светот, во централата во Ипхофен, Германија.

 

Како влезни информации за новите материјали, Кнауф ги користи информациите од светскиот пазар. Следиме што му треба на инженерингот. Прашуваме му е потребно на изведувачот на ПП системите и кои системи им се применливи на планерите на ПП системи. Сите овие фактори влијаат и ги формираат својствата на новите Кнауф производи кои излегуваат од нашиот тим за истражување и развој.

Највисок документ за ПП заштита во Македонија е законот за заштита од пожар. Од него, потоа произлегуваат правилниците, како на пример “Правилникот за стандарди и норми за проектирање на објекти” или “Правилникот за суштински барања за заштита од пожар на градежните објекти”.

Ваквите документи, првично ја одрадуваат номенклатурата на својствата на ПП преградите, кои во “Правилникот за мерките за заштита од пожар, експлозии и опасни материи” ќе добијат своја јачина, изразена во минути. Пр. Спуштен таван, согласно правилникот за минимални барања на противпожарност, кој пропишува 30-минутна ПП заштита, ќе добие ознака EI30, што значи дека ќа ја задржи својата изолациска моќ и интегритет најмалку 30 минути или на пр. челичен столб, кој треба да ја задржи својата моќ на носивост 120 минути согласно правилниците, би добил барање за ПП заштита од R120.

Кнауф располага со сите актуелни атести за своите системи и тоа:

  • Преградни ѕидови
  • Фасадни ѕидови
  • Спуштени тавани
  • Облоги на ѕидови
  • Облоги на поткровја
  • Облоги на шахти и канали
  • Облоги на конструктивни елементи од бетон, дрво, челик
  • ПП премази и малтери за конструктивни елементи од бетон, дрво, челик
  • Материјали за ПП заптивање на отвори, регали и неправилни отвори
  • Бариери за ширење на чад
  • Системи за заштита на карбонски ленти
  • Системи за опшивање на инсталациски канали
  • Системи за опшивање на вентилациски канали и канали за оддимување
  • Системи за формирање на вентилациски канали и канали за оддимување и сл.

 

За дополнителни информации обратете му се на Кнауф Техничкиот Сервис.

Повеќе за Противпожарност

Кнауф

FireWin

КНАУФ FIREWIN - Нов авторитет во пасивната ПП заштита
Прочитај повеќе за FireWin
сувомонтажни системи

ПП кај сувомонтажните системи

КОГА КНАУФ СПАСУВА ЖИВОТИ - Противпожарност кај сувомонтажните системи
Прочитај повеќе за ПП кај сувомонтажните системи