ТЕРМИЧКА ИЗОЛАЦИЈА СО КНАУФ Најдиректен пат до заштеда на енергија и пари

НАМАЛЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ, ЗГОЛЕМЕТЕ ГО КОМФОРОТ

Ценовниот товар на енергенсите нè доведе до момент кога вредноста на еден објект најдиректно зависи од потрошувачката на енергија на истиот. Покрај тој факт, добро изолираниот објект значи и целосно ново ниво на комфор и животен квалитет за корисниците на просторот. Како водечки светски прозводител на изолациски системи, Ви нудиме палета на решенија на термоизолациски системи, за надворешна и за внатрешна употреба во објектите.

Енергетската ефикасност не значи намалување на потрошувачката на енергија, туку значи намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на комфорот на живот. Значи дека ќе плаќате помалку, а зимно време ќе бидете најудобно загреани и летно време најудобно оладени. Употребата на нашите системи за термичка изолација значи:

 

Намалување на сметките за ладење/греење

Без разлика дали се работи за новоизграден објект или санација на стар, употребата на соодветна изолација може да ја намали потрошувачката на енергија и за повеќе од 50%.

 

Зголемување на вредноста на објектот

Квалитетниот Кнауф фасаден систем, обезбедува простор што лесно се продава, изнајмува, користи. Простор што лесно се загрева и лади и долго време ја задржува посакуваната температура. И во најладните зими Кнауф решенијата ќе го штитат Вашиот комфор и трајноста на конструкцијата на објектот. Со тоа објектот вреди повеќе.

 

Зачувување на животната средина

Со пониската потребна енергија за загревање, се намалува и количината на потрошени енергенси. Дрва, нафта, пелети, гас. Сето ова значи милиони тони штетни гасови и честички помалку во воздухот што секојдневно го дишеме. Вложување за иднината.

 

Зголемување на комфорот

Зимно време заштитените објекти се гарантирано заштитени од мувла и габички. На површината на внатрешните ѕидови нема места со пониска температура од температурата на кондензација, а летно време жештината останува надвор. Задоволството од животот во ваков објект е огромно.

 

Енергетска ефикасност

Соодветната изолација не само што ќе Ви овозможи да ги исполните законските обврски кон „Правилникот за енергетски карактеристики на објекти“, туку и одржување на ефикасноста на подолг рок преку квалитетен и пресметан систем со стандардизирани материјали.

Енергетски пасош

Документ кој го издава овластено лице и кое е сведоштво за енергетските карактеристики и потреби на објектот. Обврзен документ за новоизградени објекти во последниве години.

Се издава согласно два правилника на Р.Македонија. “Правилник за енергетски карактеристики на зградите” (издание од Јули 2013 и измени од Јануари 2015) и “Правилник за енергетска контрола”, на објекти кои ги исполнуваат барањата од првиот правилник, изразени во коефициенти на термичка проводливост (W/m²K)