AКУСТИКА СО КНАУФ Добриот плафон крие повеќе тајни

АКУСТИКА. ФУНКЦИЈА. ДИЗАЈН!

Кнауф компетентноста започнува кај таваните и навлегува длабоко во нивните можности. За современа градба, погодна за секојдневни простори со напредна акустика. Со акцент на она што гледате, а уште повеќе на она што го чувствувате.

Не е ништо ново, ако Ви кажеме дека простории со различна намена, бараат акустика со различни својства. Едно од најважните својства на акустиката е времето на реверберација на звукот. Тоа е времето кое му е потребно на звукот, од неговото создавање да падне до неслушливо ниво, т.е. интензитетот да му падне за цели 60dB, да бидеме попрецизни. Колку подолго е ова време, звуците ги слушаме поразвлечени и подолго. Колку пократко е ова време, звуците ни се послушливи и пократки, што е многу погодно за слушање на говор и сл. За одредени намени не е ни удобно прекраткото време на реверберација. Кнауф ефектно Ви помага да ја регулирате акустиката во просториите. Како?

 

АПСОРПЦИЈА

1. Кнауф површините со акустична обработка делуваат апсорпциски. Кога звукот со ниска фрекфенција ќе удри во Кнауф плочата, таа почнува да вибрира и на тој начин впива дел од звучната енергија.

2. Перфорацијата создава резонанца на средните фрекфенции и на тој начин ги амортизира и звуците од тој распон.

3. Воздухот над плочите дејствува како резонатор за високите фрекфенции, па заедно со изолацискиот материјал успешно ја намалува енергијата и од високите фрекфенции на звукот.

 

ДИФУЗИЈА

1. Дупчињата на плочите и нивните рабови, ја распрскуваат одбиената звучна енергија во различни правци и создаваат ефект на звучна дифузија. Така, дел од енергијата на звукот останува во просторијата, но распрскана во повеќе насоки. Дифузниот звук повторно се одбива од полните површини од просторијата и зголемена е шансата повторно да се вратат кон перфорираната површина, каде ќе биде впиен или повторно дифузиран.

Врз основа на овие градежно-физички својства на звукот, Кнауф нуди цела палета на плочи со перфорирана површина и можности за глетување без загуба во апсорпциската моќ.

 

 

КНАУФ КЛИНЕО – ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СОВРШЕНА АКУСТИКА И СОВРШЕН ВОЗДУХ

Клинео перфорираните плочи се стандардно Кнауф решение за простории со лоша акустика. Употребете ги согласно параметрите на Вашиот простор и слушнете ги звуците во оптимален интензитет и реверберација. Погледнете ги можностите на плочите.

Кон Cleaneo технологијата

 

 

AКУСТИКА БЕЗ КОМПРОМИС СО ЕСТЕТИКАТА

Широката палета на акустични производи, ни најмалку не ја ограничува Вашата слобода за изразување. Уникатноста, талентот, желбата за експериментирање со текстури, со материјали, со облици. Погледнете ја палетата на Кнауф Riessler материјали. Плочи од перфорирани гипс-фазер плочи, со огромна тврдост, отпорност и највисоко ниво на впивливост. Подледнете ги на KnaufDESIGN.

Koн KnaufDESIGN