БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА Кога ѕидот и таванот стануваат заштита на безбедноста и здравјето

НА СИГУРНАТА СТРАНА

Кнауф системите, за некого неочекувано, учествуваат во најсовремените системи за безбедност од Рентгенско зрачење, пробивање и обивање, истрели од огнено оружје, зрачења од телекомуникациски апарати и сл. Со Кнауф секогаш сте на безбедната страна на животот и градежништвото.

Што Кнауф разликува под влажно и мокро?

 

Накратко, влажна просторија е онаа што во текот на подолг временски период е изложена на повеќе кратки периоди на влажнење и сушење (вентилација). Такви простории се тоалетите, бањите во станбените објекти, во хотелите, болниците или училиштата, пералните и сл. Мокра просторија, пак, е онаа што е изложена на висока влага (80-100%) во континуиран, долг временски период. Ваквите простории вршат поагресивно влијание на површините на ѕидовите, на таваните и на подовите, па согласно ова, бараат материјали и системи со повиско ниво на импрегнација.

Кнауф производната палета разликува две плочи со примена во влажни и мокри простории. Популарната импрегнирана „зелена“ плоча, од H13 тип (според МКС EN 520) и H2 класа на импрегнираност и цементната Aquapanel Indoor плоча, што ги задоволува потребите на мокрите позиции во кој било тип на објект.

Значи, дали планирате тоалети или бањи, преградни ѕидови околу сауни и турски бањи или Ви е потребен ѕид или таван во просторија со базен, Кнауф секогаш ќе Ви го понуди соодветното решение за бараните системи.

 

Соодветен Кнауф материјал за секој систем во влажна просторија

За издржана систем и системска гаранција на позициите во влажни простории, во Кнауф системите влегуваат:

  • Кнауф H2 импрегнирана гипсена плоча
  • Кнауф импрегниран Fugenfüller, за исполна на споевите на плочите
  • Кнауф стандардни CW/UW или CD-UD профили
  • Кнауф бандажна лента (мрежеста, хартиена или од стаклени влакна)
  • Кнауф TN брзи шрафови со соодветна должина
  • Кнауф Tiefengrund материјал за импрегнација пред поплочување или глетување на системите
  • Кнауф REVO ревизиски отвори, со капак од Diamant плоча, спремна за глетување или за лепење на плочка.

Соодветен Кнауф материјал за секој систем во мокра просторија

За издржана систем и системска гаранција на позициите во мокри простории, во Кнауф системите влегуваат:

  • Кнауф Aquapanel Indoor цементна плоча
  • Кнауф Aquapanel цементна маса за фугирање на споевите
  • Кнауф CW/UW или CD-UD профили, соЦ3 (C3) класа на антикорозивна заштита, според МКС EN ISO 12944
  • Кнауф Aquapanel бандажна лента отпорна на алкални средини
  • Кнауф Maxi шрафчиња со Climate-X тестови на отпорност на корозија
  • Кнауф Aquapanel завршни глет-маси (Q4)
  • Кнауф Aquapanel ревизиски отвори отпорни на прскање со вода, за целосна контрола на системите кои поминуваат низ Кнауф елементите

 

Кнауф Импрегниран Fugenfüller

За фугирање на стандардни, имрегнирани плочи, се користи импрегнираниот Fugenfüller. Тоа е гипсена маса за исполна произведена за системска употреба со Кнауф импрегнираните плочи:

  • Импрегнирани плочи, H2 според MKС EN 520
  • ПП-импрегнирани плочи, DFH2 според MKС EN 520
  • Дијамант плочи, DFH2IR според MKС EN 520

Материјал со кремаста структура за фугирање до К2 квалитет, со висока лепливост и оптимизирано време на обработка. Се нанесува како и стандардниот Fugenfüller Leicht, а неговата светлозелена боја, го прави лесен за идентификација кај употреба со импрегнирани гипсени плочи

 

Кнауф C3 антикорозивни профили

Во мокрите простории, каде владее висока влага на подолго време, важен елемент на безбедност е употребата на профили со повисока заштита од корозија. Стандардните Кнауф профили се со C2 класа на антикорозивна заштита, постигната со поцинкување на челичниот лим со мин. 100gr цинк на еден квадратен метар челик. Профилите од C3 класа имаат минимум од 273gr/m², за трајна заштита и при највисока и трајна влага во просторијата во кои се вградени. Освен мокрите простории, во зоната на примена на овој тип на профили се наоѓаат и фасадите, каде се комбинираат со цементната Aquapanel Outdoor плоча.

- Кнауф C3 (црни) и С5M (сини) профили.

Заштита од директна и одбиена радијација

Во секој здравствен објект, највисокиот ризик и најстрогите правила за заштита важат во делот за Рентгенско снимање на пациентите. Правилата на заштита од Рентгенските зраци се пропишани во многу стандарди, а еден од нив е DIN 6812.

Од друга страна пак, почетокот на заштитата од зрачењето тргнува од инструкциите на производителот на апаратот за Rö-снимање. На база на волтажата на цевката на апаратот и начинот на простирање на зраците, апаратот има препорачана заштита, изразена во милиметри дебелина на олово. Колку повисока е волтажата (напонот) на цевката, толку е поголема потребната дебелина на оловото во заштитата. За заштита од Rö-зрачење со други, безоловни материјали, се користат атести и испитувања, кои сведочат за еквивалентноста на соодветниот материјал и оловото како репер.

Кнауф нуди две решенија за заштита од штетното влијание на Rö-зраците:

  • Гипсени плочи, каширани со оловен лим со дебелина од 0,5; 1,0; 1,5; 2,0; 2,5 и 3,0mm и
  • Гипсени плочи со додаток Бариум Сулфат, BaSO4 (Барит), Кнауф Safeboard

 

Гипсените плочи со оловен лим доаѓаат во систем со стандардна исполна и посебна самолеплива лента од олово, а Safeboard плочите се во систем со посебна маса за исполна, исто така на база на барит.

Safeboard плочите се избор на модерното градежништво, кое пред сè ги следи трендовите на рециклабилност и можности за складирање на тешки метали (какво што е оловото). Оловото е метал што не смее да се складира како готов производ, пред сè поради неговата мекост и можноста за деформација при складирање. Особено непогодно е да се складира во форма на ролна, која трајно ја менува дебелината на оловото по цела негова должина, со тоа загрозувајќи ја ефектноста на материјалот. Safeboard плочите се со константни димензии, лесни за монтажа и со речиси непостоечки ризик за грешка при изведба.

На кратко, предностите на плочата се:

  • 100% сигурна безоловна заштита
  • мала тежина, при споредба со оловните решенија
  • заштита од Rö-зрачење во комбинација со стандардна противпожарност на плочите
  • највисоко ниво за звучна изолација
  • лесно монтажен систем, со најнизок ризик за грешка
  • можност за изведба на извиени и искривени површини
  • можност за еколошко складирање во отпад, по уривањето на објектот, што не е можно со оловните производи
  • поекономично решение од оловните системи

Safeboard системите се фугираат со Safeboard Spachtel масата за исполна, која на спојот на плочи се нанесува со шпакла, како и секоја друга Кнауф маса за исполна. Плочите се од противпожарна DF класа (според МКС EN 520).

Ѕидови отпорни на обивање

Ваквите системи се најупотребливи во:

  • банки
  • менувачници
  • обложувалници
  • поправни домови
  • јавни објекти
  • изложбени простории за скапи предмети (златари, продавници за часовници и сл.)

Кнауф ѕидовите отпорни на обивање се системи на единечна потконструкција од CW-профили со двослојна (WK2) или трослојна (WK3) облога од Кнауф Дијамант плочи. Помеѓу плочите, се шрафи еден слој од челичен лим, со дебелина од 0,5mm, поставен хоризонтално и со преклоп помеѓу плочите од мин.10см. Класите на противпробивност се пропишани до стандардот DIN V ENV 1627 до 1630

Во исто време, овие ѕидови ја исполнуваат и ПП заштитата пропишана со македонските правилници за ПП заштита, со ниво на заштита до 120 минути.

Системите се вградуваат според деталите на Кнауф од соодветните технички листови на системите, а секогаш се комбинираат со отпорни вратни каси и крила, со иста класа на отпорност и според препораките на производителот.

Ѕидовите отпорни на истрели од огнено оружје се совршени за употреба во:

  • Банки
  • Кладилници
  • Менувачници
  • Полициски станици
  • Воени објекти
  • Амбасади и сл.

 

Кнауф располага со системи од различни класи на отпорност на куршуми. Најчесто употребувана класа е FB4 NS, согласно стандардот МКС ЕN 1522. Ѕидот тестирано спречува куршуми од висок калибар, без никакви шрапнели од другата страна на ѕидот.

Кнауф FB4 ѕидот е составен од 4 слоја од Дијамант плочи, 2 слоја од цврсти Torro гипс-фазер плочи и 2 слоја од поцинкуван лим, со дебелина од 0,5мм. Во системот се комбинира и камена волна, за зголемена звучна заштита.