ЗА НОВИ ГЕНЕРАЦИИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ И ЕКСПЕРТИ Комфор кој создава совршени услови за концентрирано учење

КВАЛИТЕТЕН ЗВУК, ТОПЛИНА И БЕЗБЕДНОСТ

Познавачите на детската психологија велат дека послабите ученици не се ученици со помала моќ на сфаќање туку со помала моќ на концентрација и разбирливост на предавањата. Кнауф има децениско искуство во создавањето удобен и квалитетен простор, во кој образовниот систем ќе произвдедува млади умови жедни за успеси и напредок.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ

Училиштата во развиениот свет се втора по обем буџетска инвестиција на државата (веднаш зад патната инфраструктура), па согласно тоа стандардите кои се бараат во изградбата и планирањето на вакви објекти се високи. Енергетската ефикасност, секако, е еден од најважните фактори, ако земеме во предвид дека само Германија има околу 40.000 училишта, што е голема површина за загревање и одржување.

Кнауф е произведувач на системски решенија на преградни и фасадни ѕидови, термо-фасадни системи, изолациски системи за покриви и специјални системи кои овозможуваат највисоки класи на енергетска ефикасност.

Во јазичињата подолу изберете тип на Кнауф елемент.

Преградните ѕидови во училиштата треба исполнат две барања од актуелните македонски правилници. Едното е барањето за звучна изолација (согласно правилникот на РМ, т.е. стандардот JUS J6.201) и акустичните барања согласно стандардот JUS J6.215.

Извадок од JUS J6.201

Извадок од JUS J6.215 – Предлог поволно решение за акустична обработка на таваните и преградните ѕидови.

Ѕид кој би ги исполнил барањата на двата стандарди би бил ѕид кој би овозможил висока звучна изолација и висока звучна впивливост во горниот дел на ѕидот. Кнауф ви го предлага системот W112C.

Системот на единечна потконструкција од CW-профили, комбинира тешки и цврсти Дијамант плочи, за напредна звучна изолација на системот и перфорирани Клинео плочи, за уредување на акустиката на просторијата, согласно нејзината намена.

Пресметајте ја акустиката на просторијата, па употребете систем со соодветно ниво на перфорација.

20% перфорација

33% перфорација

50% перфорација

До 100% перфорација, во простории каде владеат непогодни фактори за акустиката (многу прозорци, без завеси, тврд под, големи висини, малку мебел и ученици и сл.).

Помеѓу просториите за настава и сали за физичко образование, согласно правилникот за звучна изолација во изградбата на згради, се користи ѕид со повисока звучна изолација (минимум измерени 60dB), за која Ви го предлагаме системот W115D, на двојна потконструкција од CW50-профили и двострана, двослојна облога од Дијамант плочи.

Дополнителна предност на системите со Дијамант плочи е нивната површинска отпорност, па така употребата на овие системи го продолжува животниот век на објектот на училиштето.

Повторно, согласно правилниците, спуштените тавани мораат да ги исполнат барањата за звучна изолација, противпожарност и акустична обработка согласно правилниците и стандардите. Како сето тоа?

Кнауф D112 е систем на спуштен таван на двојна потконструкција, поплочена со соодветни гипсени табли. Искористете ги противпожарните гипсени табли, во двослојно поплочен систем, за да ја постигнете минималната ПП заштита од 30 минути. Употребата на потешки плочи, како што е Дијамант плочата, може да компензира за звучната изолација да ги постигне бараните вредности дури и кај меѓукатни конструкции со потенки АБ плочи, па дури и кај системи со монти или на дрвена конструкција.

Извадок од правилникот за звучна изолација (стандард JUS J6.201)

Систем Кнауф D112

Искористете го нашиот систем „таван под таван“, за дополнително да ја уредите акустиката на просторот, доколку не е доволна употребата на W112C.

Изолацијата над овие системи, пак, е дел од исполнувањето на стандардот за енергетска ефикасност на објектите, кој ги пропишува и тие вредности на објектот.

Кнауф располага и со ревизиски отвори со соодветна ПП заштита.

Фасадните ѕидови историски во Македонија вклучувале некаков градежен блок. Керамички или лесен поробетонски. Во последниве години поставувањето на слој од изолациски материјал, во систем на контактна фасада, веќе е дел и од законите за енергетска ефикасност. Поставувањето на околу 10cm полистирен или камена волна ја решава потрошувачката на енергија на објектот, а употребата на Кнауф гипсените глет-малтери на внатрешната страна овозможуваат здрав и квалитетен живот покрај трајно бели Кнауф ѕидни површини.

Смееме да Ви го предложиме следниот чекор на фасадните ѕидови?

Сувомонтажен фасаден ѕид. Да, пак Кнауф ѕид! Кнауф W333!

Единечна конструкција од челични CW100-профили, поплочени со ПП гипсени плочи од внатрешната страна и високоимпрегнирана гипс-фазер Vidiwall HI плоча, со дебелина од 15mm од надворешната страна. Системот дополнително се обработува со контактна фасада (КСИНТИ), со изолациски материјал по избор (камена волна, полистирен...).

Системот вклучува минимална дебелина од 16cm изолациски материјал, што го носи системот до ниските 0,22W/m²K изолација, за најниско ниво на потрошувачка за ладење и греење на објектот.

Добивате лесен (околу 60kg/m²) фасаден ѕид, што значи поголема сеизмичка отпорност на објектот, а противпожарноста и термичката изолација на објектот го прават овој систем применлив и во пасивните објекти (А+), кои достигаат годишна потрошувачка на енергија и до под импресивни 15kW/m².

Искористете го системов за постигнување на ново ниво на квалитет во комфорот и енергетската ефикасност.

Контактната фасада или КСИНТИ (Композитен СИстем за Надворешна Термичка Изолација, како што е правилно) е систем на изолирање на објектите, кој покажа одлични резултати на нашето поднебје. Не е случајно дел и од македонската регулатива. Кнауф е производител на цементни материјали за лепење и обработка на ваквите фасадни системи.

Изборот кај куќите, првенствено е помеѓу типот на употребената изолација. Најчесто употребувани материјали се полистиренот (популарно наречен стиропор) и камената волна. Секој од нив со своите предности е избор на архитектите, а Кнауф предлага различни материјали за фиксирање и обработка на овие две изолации.

Системот за изолација со камена волна вклучува паропропусни лепила и посебни завршни материјали (силикатни, силиконски или силикатно-силиконски), а кај системот со полистирен – стандардни цементни лепила и акрилен завршен слој.

 

Кнауф материјали за систем со полистирен:

  • Кнауф Thermokleber Spezial
  • Мрежа за армирање
  • Кнауф Acryl Finish

 

Кнауф материјали за систем со камена волна:

  • Кнауф Klebespactel M
  • Мрежа за армирање
  • Kнауф Katti или Koni

 

Нашите завршни материјали доаѓаат во палета од над 800 нијанси на бои, распоредени во три категории на нијанси, според својството на впивливост на сончевата енергија. Најтемните нијанси препорачуваме да се користат само во системи со камена волна.