ЗА НАЈКВАЛИТЕТЕН ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈА Светско искуство во обезбедување на мир и удобност

КНАУФ МИР И КНАУФ УДОБНОСТ

Најспецифичното во планирањето и изведбата на хотелите се строгите очекувања од нивната звучна, термичка и противпожарна изолација. Кога гостинот ќе влезе во хотел, каде било во светот, тој во рацете на брендот на хотелот го става својот мир, спокој, релаксација, некогаш својата професија, напредокот во неа, забавата, итн. Во желбата за највисоко задоволство на гостите, нема место за компромис.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ

Без разлика дали се работи според проектната програма на некој од големите светски ланци или согласно македонските правилници за звучна изолација, за термичка изолација или за противпожарност, параметрите што треба да се постигнат одговараат во најголем дел. Измерени 52dB звучна изолација помеѓу собите, 90-минутна ПП заштита помеѓу соби или помеѓу ПП сектори, 0,35W/m²K термичка изолација, а се што е построго од ова значи подигнување на квалитетот на хотелот и поголема заработка за хотелот, преку намалување на сметките за одржување.

Кнауф може да помогне во сето ова преку долгогодишното искуство во хотелскате изградба и консултирањето на проектантите на најголемите и најсовремени хотели во Македонија.

Што ве интересира?

За постигнување на измерена звучна изолација од 52dB помеѓу соби и апартмани, имајќи ги предвид посредните преноси на звук, Кнауф ви препорачува употреба на преграден ѕид со атестирана звучна изолација од 60+dB.

Најтенкиот ѕид, кој по дефиниција значи и повеќе нето простор во хотелот е системот  W112D. Единечна потконструкција со 4 цврсти Дијамант плочи, на потконструкција од Кнауф CW100-профили. Ѕидот е со атестирана звучна изолација од 62dB, ПП заштита од 90 минути и огромна носивост, за лесно прикачување на телевизор, собни декорации, слики и сл.

Ѕидот ја вклучува Кнауф Дијамант плочата со зголемена површинска цврстина, што значи многу во фрекфентни објекти како хотелите.

Искористете го преградниот ѕид W112, со импрегнирани плочи, на CW75-профили, за да го оградите тоалетот во собите, овозможувајќи висока звучна изолација. Профилите ќе ги пропуштат доводните цевки за вода, електричната инсталација, комуникациските мрежи и др.

Системот W112D повторно ќе ја искористи својата звучноизолациска моќ, кога ќе го употребите да ги оформите салите за семинари и состаноци. Гостите нека бидат изолирани од останатите звуци од хотелот и нека ги унапредуваат своите професионални знаења. Ваквиот мир од нив ќе направи чести гости на просторот.

Важен извор на приход за хотелите често се и веселбите во хотелските ресторани. Со употреба на системот W145D Diva, на посебни MW-профили и со употреба на Дијамант плочи, нема да дозволиме гласната музика од веселбата да им го уништи комфорот на другите гости во хотелот. Ѕидот има голема максимална висина (и до 12m), па така станува употреблив и во високите, ексклузивни простори на луксузните ресторани.

Одделете ги административните простории на хотелот со стандарден W112 систем, со противпожарни плочи, кои покрај високата противпожарност, ќе донесат и повишена звучна изолација во, за гостите невидливиот дел на хотелот.

Коомфорот во модерните ентериери, посебно во хотелските, се мери и преку питомоста и специфичноста на звукот во просториите. Веќе ги спомнавме ретсораните, како место каде дефинитивно акустичниот комфор е од висока важност. Такви места се и лобито во хотелот, баровите, салите за состаноци и за семинари, како и ходниците. Накратко, просториите со големи длабочини, висини и просториите каде квалитетот на говорот и неговата разбирливост се важни.

Кнауф Клинео (Cleaneo) перфорираната плоча, во комбинација со калкулаторот на акустика и нашиот технички сервис, секогаш ќе овозможат совршена акустика во ваквите простории, согласно стандардите за акустика (JUS J6.212, DIN 18041, ÖNORM B 8115-3 и сл.)

Ќе го елиминирате неудобното ехо од фоајеата и лобито, ходниците ќе бидат удобни како и собите во хотелот, а точната пресметка на нашиот сервис ќе го елиминира негативниот ефект на застаклените површини, тврдите подови, тврдиот мебел, рамните тавани, паралелните ѕидови, над просторната акустика.

Посетете ја нашата knauf.com.mk/cleaneo/ веб-страна и прочијате повеќе за можностите на Клинео плочите.

Дополнително, панелите од Danoline програмата можат да внесат и печатени акустични панели, кои дополнително ќе придонесат за уникатноста на планираниот простор.

Објекти со ваква големина и комплексност имаат потреба од строга пасивна противпожарна заштита. Кнауф е најсилен авторитет на оваа тема.

Првично ќе ви помогнеме во т.н. „компартменизација“ на објектот, т.е. поделба на објектот во противпожарни сектори. Кнауф има палета на системи, преградни и фасадни ѕидови, спуштени тавани, ѕидни облоги, со кои може да се постигне ПП заштита и над 180 минути.

 

Знаевте ли дека просечен хотел има и до 1.000.000 метри електрична инсталација и комуникации? Со Кнауф тие веќе не се опасност од пожар и уништување. Ќе Ви помогнеме да ги заштитите и до 120 минути, а со нашите ревизиски отвори секогаш ќе имате увид во инсталациите, без ни најмалку да ја нарушите високата ПП заштита на системот.

Откако сè ќе се заврши, Кнауф манжетните од FireWin програмата ќе ги затворат сите отвори низ ПП ѕидовите облогите и таваните, пропуштајќи низ себе кабли, цевки од гориви материјали и цевки со горива изолација.

Преградните ѕидови што досега ги спомнавме имаат далеку посилна термичка заштита од она што македонските правилници го пропишуваат. Револуцијата во хотелската изградба нема да дојде од преградните ѕидови. Таа веќе е во тек кај фасадните.

Ви го препорачуваме Кнауф W333 фасадниот сувомонтажен ѕид. Веќе го употребивме во објектите на хотел Солун и на хотел Мериот. Погледнете го системот.

Единечна конструкција од челични CW100-профили, поплочени со ПП гипсени плочи од внатрешната страна и високоимпрегнирана гипс-фазер Vidiwall HI плоча, со дебелина од 15mm од надворешната страна. Системот дополнително се обработува со контактна фасада (КСИНТИ), со изолациски материјал по избор (камена волна, полистирен...).

Системот вклучува минимална дебелина од 16cm изолациски материјал, што го носи системот до ниските 0,22W/m²K изолација, за најниско ниво на потрошувачка за ладење и греење на објектот.

Погледнете го изгледот на овој фасаден ѕид во нашите референтни објекти помеѓу хотелите.

 

Нашите Клинео плочи, пак, учествуваат во сè попопуларните системи за површинско ладење и греење, кои како нискоенергетски системи учествуваат во вкупната енергетска ефикасност на објектите.

Во кавите системи ја вбројуваме и плочата Vidicomfort, за сувомонтажен поден систем за греење.

За врвна енергетска ефикасност ја употребуваме и плочата Кнауф Comfortboard 23, со револуционерни восочни гранули Micronal® PCM Pearl во составот, кои го зголемуваат термичкиот капацитет на плочите до највисоките 200kJ/m².

Хотелите се фрекфентни места низ кои се движат и луѓе, а и опрема (куфери, колички...). Одговорноста на квалитетниот проект е и во потребата естетиката и функцијата на хотелот да бидат трајни. Површините во хотелот треба да ги издржат ударите од подвижните колички, куфери, како и лесните и бројни слаби удари од нормалното користење од страна на гостите и персоналот.

Кнауф Ви ја препорачува Дијамант плочата како завршна плоча во преградните ѕидови. Плочата има напредна отпорност на притисок и оштетувања. И тоа:

Површинска отпорност кај цементен малтер:   3N/mm²

Површинска отпорност кај стандардна гипсена плоча:   5N/mm²

Површинска отпорност кај Дијамант плоча:   10N/mm²

Ова значи задржување на квалитетот на објектот на подолг рок, т.е. подолг период помеѓу две реновирања или санирања на површините.

Дополнителни вредности на системите со Дијамант плочи се поголемата дозволена оптоварливост, повишената звучна изолација, импрегнација и противпожарност.

Кнауф системите успешно ги сокриваат сите инсталации што се појавуваат во современите хотели. Електрика, HVAC, комуникации и компјутерски мрежи, канали кон пералните, водовод и канализација, итн.

Монтажерите на овие системи ги искористуваат Кнауф профилите и нивните фабрички отвори за да ги спроведат своите мрежи. Ѕидот може да скрие инсталации со помала ширина од профилите или пошироки инаталации со употреба на двојна потконструкција (Пр. систем на преграден ѕид W116).

Со Кнауф ревизиските отвори во секој момент може да се изврши увид во скриените инсталации. Ревизиските отвори доаѓаат во различни димензии. Најстандарните димензии се 200/200, 300/300, 400/400, 500/500 и 600/600mm. Составени се од алуминиумска рамка и капак од импрегнирана гипсена плоча, што го прави ревизискиот отвор употреблив и во влажни простории, со можност на капакот да се залепи и плочка (керамика, порцелан...).

На барање достапни се и ревизии со противпожарна отпорност, херметичко затворање, ревизии за во мокри простории, итн.

Современите хотели и оние хотели од повисока класа имаат и мокри простории (базени, бањи, сауни, wellness центри и сл.). За целосна водоотпорност на системите ги употребуваме Кнауф Aquapanel Indoor цементните плочи, во комбинација со посебни прицврсни елементи (шрафови, држачи, врски) и Кнауф профили од C3 (Ц3) класа на отпорност на корозија согласно стандардот МКС EN ISO 12944.

Ваквите системи гарантираат целосна водоотпорност, отпорност на влага, на мувла, на бактерии и габи на подолг рок.

За повеќе информации посетете ја Aquapanel страната и дознајте повеќе за Aquapanel Indoor системите.

Кнауф системите имаат висока тестирана носивост на товари, без разлика дали се работи за конзолни или за товари без длабочина. Искористете ја нашата Кнауф Хартмут (Hartmut) типла за прикачување на товари и до 60kg (со табели за товари во соодветни системи) или соодветна траверза за прикажување на конзолни и тешки товари (мијалник, батерија за туш, писоар и сл.).

Дополнително, конзолните товари се фиксираат на рамка од т.н. UA-профили, со дебелина од 2mm, кои се фиксираат на носечкиот таван и под со „прифатни винкли“. Вака прикачените профили имаат носивост и за товари над 100kg (повторно, товари во согласност со соодветните технички листови и системи).

И покрај сите барања на градежната физика, Кнауф системите Ви даваат целосно одврзани раце за изразување на дизајнерската уникатност во идејата. Изведете закривени ѕидови и тавани. Кнауф плочите се закривуваат по сув или по влажен принцип. Пуштете ја фантазијата, а тие ќе ве следат.