ЗДРАВЈЕ И МИР, КОГА НАЈВЕЌЕ ТРЕБААТ Кнауф системи во најсовремените болници

КНАУФ ГИ ГРАДИ НАЈСОВРЕМЕНИТЕ ПРИМЕРИ НА БОЛНИЦИ

Проектирање на болница е еден од најкомплексните предизвици за модерниот архитект. Во својот проект тој мора да ги вклопи барањата на регулативата, највисоките барања за комфор и мир на пациентите и на персоналот во болницата, а притоа не смее ни најмалку да ја ограничи оригиналната мисла на архитектот. При сето ова, не смееме да заборавиме на противпожарноста на предвидените елементи, на нивото на хигиена при нивното одржување и сл.

Кога се работи за санација или реновирање на болници, пак, сето горенаведено мора да се изведе без попречување на функционалноста на болницата и без вознемирување на пациентите.

Кнауф Ви нуди конструктивна помош и поддршка преку советување за своите интелигентни решенија на градежните и барањата на модерната медицина.

Кнауф решенијата на преградни ѕидови, употребени речиси по дефиниција во секоја модерна болница, овозможуваат највисоко ниво на звучна изолација помеѓу собите. Не забораваме дека многу често собите се со различен интензитет на бучава, па така, мораме да разделиме менза или ходник од одделение за интензивна нега, па дури и да го елиминираме влијанието на комуналната бучава или вревата од погласните одделенија, како хирургија, гинекологија и акушерство и сл.

Ви ја препорачуваме Кнауф Дијамант плочата. Звучната излација која ја споменавме ќе ја донесе во ѕид со минимални дебелини и тежини. Искористете ја во ѕидниот систем W112, да постигнете звучна изолација и до Rw=64dB, што практично значи елиминација на сите стандардни звуци кои можат да вознемират пациент на кој му треба мир и тишина.

А сте знаеле ли дека вревата и бучните простории во болниците влијаат на:

  • Квалитетот/квантитетот на сонот
  • Перцепцијата на болка (во побучни простории повеќе ја чуствувате болката)
  • Висок крвен притисок
  • Емоционален стрес
  • Побрз замор („горење“) кај персоналот во болницата

 

Кај медицинските лица влијаат на:

  • Довербата на релација пациент/доктор
  • Точно разнесување и раздавање на терапија (3 Whitepaper, Effects of noise pollution on healthcare staff and patients, soundmask.com.au)
  • Отежната комуникација со колеги и пациенти
  • Зголемен број на грешки при работа
  • Замор
  • Зголемен привиден притисок на работно место

 

Конечно, според истражувањата во оделенијата за неонатална интензивна нега, педијатрија и геријатрија (Strauch, C., S. Brandt, and J. Edwards-Beckett. 1993. Implementation of a quiet hour:  Effect  on noise levels and infant  sleep states.  Neonatal Network  12(2):31–35 и Schnelle, J. F., J. G. Ouslander, S. F. Simmons, C. A. Alessi, and M. D. Gravel.  1993. The nighttime environment, incontinence care, and sleep disruption in nursing  homes. Journal  of  the  American Geriatrics Society 41(9):910–14.), кај пациентите буката влијае на:

  • Помало внесување на кислород во крвта
  • Побавно зацелување на рани
  • Повисок процент на рехоспитализација

Откако ќе ја решите звучната изолација во објектот на Вашата болница, останува да го зголемите акустичниот комфор во неа.

Искористете го нашиот Кнауф калкулатор за акустика и искористете точен тип и количина на Клинео плочи, со ефект на прочистување на воздухот, да постигнете совршен мир во просториите на пациентите, медицинскиот персонал, мензите и бифеата, ходниците и приемните простории.

Направете ги просториите поразбирливи за говор, состаноци, колегиуми, а болничките соби лесни за одмор и закрепнување.

Ако отпорноста на пожар е важен фактор во објекти со здрави и лесно подвижни станари, важноста на ПП заштитата станува од примарно значење во болниците каде голем дел од пациентите се неподвижни или врзани за болничкиот кревет со апарати, мерни инструменти или медицински гасови. Кнауф е светски авторитет во производство на системи за пасивна заштита на објектите.

Првично ќе ви помогнеме во ткн. “компартменизација” на објектот, т.е. поделба на објектот во противпожарни сектори. Кнауф има палета на системи, преградни и фасадни ѕидови, спуштени тавани, ѕидни облоги, со кои може да се постигне ПП заштита и над 180 минути.

Нормално, секој модерен објект има илјадници метри инсталации и канали за вентилација. Ќе Ви помогнеме да ги заштитите и до 120 минути, а со нашите ревизиски отвори секогаш ќе имате увид во инсталациите, без ни најмалку да ја нарушите високата ПП заштита на системот.

Откако се ќе се заврши, Кнауф манжетните од FireWin програмата ќе ги затворат сите отвори низ ПП ѕидовите облогите и таваните, пропуштајќи низ себе кабли, цевки од гориви материјали и цевки со горива изолација.

Сė во служба на највисоката ПП заштита на објектите и заштитата на најбесценетото нешто. Човечкиот живот.

Освен гипсените системи, кои сами по себе ги имаат највисоките сертификати за отпорност на мувла и оштетувања, ќе ви ја споменеме Knauf Danoline палетата на модуларни тавани. Добро познатите растер тавани, но наместо минералните плочи, одговорноста за акустичката, ПП и изолатерската функција на таванот паѓа на гипсените плочи со различни типови на завршна обработка. Кога се работи за употребба во чисти и високохигиенски услови, Knauf Danoline таванските плочи доаѓаат премачкани со тенок слој од полимери, најниско привлекување на прашина и отпрност кон најчесите средства за хигиена и измивање.

Дополнително, плочите се отпорни на мувла и бактерии, дури и во простории со повишена влага, со отпорност од класа 3, согласно стандардот МКС ЕN 1104 – Определување на пренос на антимикробни состојки.

За уште поотпорни позиции, Ви го предлагаме системот базиран на Danotile (http://knaufdanoline.com/product-post/danotile/ ), кој има вградена отпорност кон агенси за чистење и дезинфекција со pH вредност од 2,3 – 13, што опфаќа и агресивни средства како хидроген пероксид (H2O2), нанесени под притисок и до 30Pa.

Сето ова, без нималку да се наруши совршената акустика на просториите во болниците.

Кнауф палетатра има две решенија за заштита од штетното и разорно дејство на Рентгенските зраци. Стандардното решение е употреба на гипсена плоча со слој од оловен лим. Кнауф произвдеува плочи со дебелина на олово од 0,5mm, 1,0mm, 1,5mm, 2,0mm, 2,5mm и 3,0mm. Се вградуваат вертикално, а на споевите на плочите се поставува самолеплива лента од олово со иста дебелина како дебелината на оловово во плочата.

Модерното градежништво, регулирано од европските и светски правила за складирање, вградување и складирање на отпад, имаат проблем со складирањето на оловото (како тежок метал и метал штетен за здравјето на луѓето). Како безоловна замена на традиционалното решение Кнауф го нуди системот Safeboard , базиран на плоча и исполна од Бариум Сулфат (BaSO4), попознат како Барит, која е совршено и модерно решение за заштита од Рентгенските зраци.

Системот доаѓа со табела, произлезена од тестирањето на плочата и која помага за точна замена на оловото со соодветна дебелина на облога од Safeboard плочи. На сето тоа, Safeboard системот е и поекономично решение на строгите позиции во медицината.

Пр. Две плочи Safeboard кај заштита на апарат за Рентген со напон на цевка од 90kV, се еквивалент на 1,4mm олово.

Споевите на плочите се исполнуваат со Safeboard Spachtel, материјал исто така на база на Барит, кој безбедно го затвора системот за заштита.

 

- Исполна со Safeboard Spachtel

- Фино фугирање со Uniflott

- Широко фугирање со Uniflott

Болниците се фрекфентни места, низ кои се движат и луѓе, а и опрема. Одговорноста на квалитетниот проект е и во потребата естетиката и функцијата на болницата да биде трајна. Површините во болницата треба да ги издржат ударите од подвижните болнички кревети, од апаратите кои се пренесуваат низ ходниците и лесните но бројни слаби удари од нормалното користење на болничките соби од пациентите и персоналот на болниците.

Кнауф Ви ја препорачува Дијамант плочата како завршна плоча во преградните ѕидови. Плочата има напредна отпорнот на притисок и оштетувања. И тоа:

Површинска отпорност кај цементен малтер:   3N/mm²

Површинска отпорност кај стандардна гипсена плоча:   5N/mm²

Површинска отпорност кај Дијамант плоча:   10N/mm²

Ова значи задржување на квалитетот на објектот на подолг рок, т.е. подолг период помеѓу две реновирања или санирања на површините.

Дополнителни вредности на системите со Дијамант плочи се поголемата дозволена оптоварливост, повишената звучна изолација, импрегнација и противпожарност.

Кнауф системите, успешно ги сокриваат сите инсталации кои се појавуваат во современите болници. Електрика, HVAC, комуникации и компјутерски мрежи, медицински гасови, водовод и канализација, итн.

Монтажерите на овие системи ги искористуваат Кнауф профилите и нивните фабрички отвори да ги спроведат своите мрежи. Ѕидот може да скрие инсталации со помала ширина од профилите или пошироки инаталации со употреба на двојна потконструкција (Пр. систен на преграден ѕид W116).

Со Кнауф ревизиските отвори, во секој момент може да се изврши увид во скриените инсталации. Ревизиските отвори доаѓаат во различни димензии. Најстандарните димензии се 200/200, 300/300, 400/400, 500/500 и 600/600mm. Составени се од алуминиумска рамка и капак од импрегнирана гипсена плоча, што го прави ревизискиот отвор употреблив и во влажни простории, со можност на капакот да се залепи и плочка (керамика, порцелан...).

На барање достапни се и ревизии со протиапожарна отпорност, хермиетичко затворање, ревизии за во мокри простории, со рентгенска заштита, итн.

Современите клиники имаат и мокри простории за терапија (базени, бањи и сл.). За целосна водоотпорност на системите ги употребуваме Кнауф Aquapanel Indoor цементните плочи, во комбинација со посебни прицврсни елементи (шрафови, држачи, врски) и Кнауф профили од C3 (Ц3) класа на отпорност на корозија согласно стандардот МКС EN ISO 12944.

Ваквите системи гарантираат целосна водоотпорност, отпорност на влага, мувча, бактерии и габи на подолг рок.

За повеќе информации посетете ја Aquapanel страната.

Кнауф системите имаат висока тестирана носивост на товари, без разлика дали се работи за конзолни или за товари без длабочина. Искористете ја нашата Кнауф Хартмут (Hartmut) типла за прикачување на товари и до 60kg (со табели за товари во соодветни системи) или соодветна траверза за прикажување на конзолни и тешки товари (мијалник, батерија за туш, писоар и сл.).

Дополнително, конзолните товари се фиксираат на рамка од ткн. UA-профили, со дебелина од 2mm, кои се фиксираат на носечкиот таван и под со “прифатни винкли”. Вака прикачените профили имаат носивост и за товари над 100kg (повторно, товари во согласност со соодветните технички листови и системи).

И покрај сите барања на градежнната физика, Кнауф системите ви даваат целосно одврзани раце за изразување на дизајнерската уникатност во идејата. Изведете закривени ѕидови и тавани. Кнауф плочите се закривуваат по сув или по влажен принцип. Пуштете ја фантазијата, а тие ќе ве следат.