МИР, КОМФОР, БЕЗБЕДНОСТ, ЗДРАВЈЕ, ЕКОНОМИЈА! Колективното домување не значи потреба од компромис со квалитетот. Не, ако се работи со Кнауф.

ЗА СОСЕДОТ ДА ТИ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ

Човекот поминува речиси две третини од денот во удобноста на својот дом. Обврска на секој инвеститор и градител на станбена зграда е секоја станбена единица да биде удобна, мирна, топла. Квалитетниот стан не е само мир од забелешки и рекламации од купувачите. Тој е и најдобра, усна реклама од задоволните купувачи и ширење на приказната за инвеститорот кој квалитетно им го решил домувањето на своите купувачи, на своите вечни пријатели.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ

Во последниве дваесет години, Кнауф сè подлабоко и подлабоко навлегува во станбената архитектура во Македонија. Современата станоградба не може да замисли постигнување дури и на стандардната звучна изолација без употреба на Кнауф системи. Најдобар показател е и фактот дека не постои реномиран изведувач на станбени згради кој почнал да работи со Кнауф системите, а подоцна да се вратил на тредиционален начин на градба.

Кнауф градбата воведува ново ниво на естетика, брзина, квалитет и имиџ во станбената изградба, која донесува предности и корист за сите чинители на станбената изградба.

Поради принципите на кои се базираат сувомонтажните системи, високата звучна и термичка изолација ја постигнуваат со помала дебелина на ѕидовите. Па така:

Дебелина на преграден ѕид, за постигнување на атестирана звучна изолација од 52dB.

Или, најчесто употребуваниот блок во станоградбата.

Со употреба на Кнауф преградните ѕидови, во просечен објект се добиваат дополнителни 2-4% нето површина со директно унапредување на звучната изолација во објектот, неговата термичка изолација и намалување на неговата вкупна тежина. Ајде, за овие дополнителни добивки, во следните јазичиња.

Кнауф преградните ѕидови се последниот чекор на градежната технологија, во однос на постигнувањето на градежнофизичките барања на комерцијалните објекти. Принципот на кој тие функционираат (маса-пружина-маса) овозможува постигнување на далеку подобра термичка и звучна изолација во објектите, па така просторот кој купувачите го добиваат за своите средства е со повисока вредност и квалитет.

Во претходното јазиче ја споредивме звучната изолација на системите, па ајде да ја погледнеме и термичката изолација.

Често поставувано е прашањето за важноста на термичката изолација на преградните ѕидови во становите, која не е регулирана со закон во Р.Македонија, но доволен е податокот дека само околу 17% од населението во Македонија ги грее сите простории во својот стан, за да ја разбереме потребата енергијата што е вложена во една просторија да не ни избега во соседната, некористена просторија.

Просторот што е ограден со Кнауф преградни ѕидови, поради прецизноста на самата технологија, нуди и повисоко ниво на естетика на просторот. Беспрекорно прави линии на споевите на ѕидовите и таваните, на ѕидовите и соседните ѕидови, на касите на вратите и сл. Технологијата на Кнауф ѕидовите овозможува и совршено рамни ѕидови, речиси независни од умеењето на изведувачите на завршните површини на ѕидовите, т.е. глетувањето и боењето.

Доколку архитектот на просторот ја имал таа слобода на изразување, можно е и вклучување на закосени и уникатни површини, диктирани од духот на времето.

„A може ли да обесам слика на Кнауф ѕид?“

На ѕидовите е можно закачување на секаков товар. Слики, телевизори, кујнски елементи, полици, елементи за дневна соба, тешки товари како бојлери, конзолни WC-школки и бидеа. Секако за секој тип на товар си постои начин на прикачување и обесување.

Точкестите товари (слики, телевизори, полици...) се прикачуваат со пластични или метални типли.

Кнауф ѕидовите, секако, се далеку полесни од ѕидовите од традиционалната станоградба. Колку?

Ова олеснување на ѕидовите по квадратен метар, на една зграда преградена со Кнауф ѕидови значи олеснување на објектот за цели 25% на вкупната маса на истиот, што значи намалување на сеизмичките сили за 15%.

За инвеститорите тоа значи заштеда на бетон и арматура, со задржување на истата отпорност на зградата на потреси, а за уживателите на тој простор значи помали оштетувања од потреси на следниот појак земјотрес, па дури и целосно избегнување на оштетувањата (напукнат ѕид, паднат малтер и сл.).

Кнауф ѕидовите, поради принципите на монтажа и отсуството на мокри фази со период на сушење во начинот на монтажа, се и многу побрзи за изведба. Повторно прашањето е - колку?

Во просечна зграда, од околу 3.700m², се заштедува време од околу 1.200 човек/денови, т.е. зградата во која работат 20 монтери за Кнауф ѕидови, ќе биде предадена на купувачите околу 2 месеци побрзо. Неочекувано, нели?

Минералниот гипс, како суровина, е докажано најздравиот материјал за градежништво. Побарајте информации за гипсот во компетенцијата „Здравје“. Со Кнауф ѕидовите гордоста на Кнауф Радика, Дебар ја внесувате во своите објекти. Што овозможувате со тоа?

Кнауф ѕидовите се паропропусни и ја регулираат микроклимата во просториите. Воздухот во собите преградени со Кнауф ѕидови никогаш нема да биде пресув или превлажен. Секогаш ќе ја има онаа оптимална влажност од 40-60%.

На допир секогаш кожата на корисниците на просторот ќе го допираат оној здрав гипс, со иста pH вредност како и кожата на луѓето. Секогаш ќе дишат воздух без примеси од градежните материјали.

Најголем подарок кој еден продавач на стан може да му го предаде на корисникот.

Доколку во просторот се внесат и Клинео плочи, тој простор трајно ќе биде заштитен од штетните ефекти на материите кои може да се појават во домот преку посредни извори (бензени, формалдехиди, мириси на готвено, цигари  и сл.).

Едноставно, здравје на долг рок.

Кнауф ѕидовите се системи. Систем од повеќе различни елементи. Профили, плочи, спојни елементи, маси за фугирање, глет-маси...

Сите тие посебно, се произведени според европски стандарди (МКС EN 520, МКС DIN 18182, MKС EN 13963…)  и функционираат во систем кој исто така се тестира според строги европски и германски стандарди (MКС DIN 18181, МКС DIN 18183…)

Tоа значи дека Кнауф профилите се со минимална дебелина од 0,6mm, со антикорозивна заштита со поцинкување од минимум 100gr/m² Цинк. Дека шрафовите кои ги користиме се галванизирани и тестирани дека ја задржуваат заштитата и трајноста и по навлагањето во цврстион Кнауф профил. Дека CD-профилите безбедно и трајно ќе ја носат тешката гипсена плоча над нашата глава и дека нашиот сон ќе биде мирен и безбеден цел наш живот.

Зад производството на Кнауф стојат стандарди, правилници, статички пресметки, атести, ЕТА сертификати и речиси еден век искуство во постигнување на највисок квалитет во градежништвото. Зад Кнауф стојат стотици висококатници ширум Македонија, во кои веќе се дочекува и втората генерација корисници, уживатели на звучната изолација, на топлиот дом, на здравата околина.

Кнауф е авторитет во станоградбата.

Времето на траење на еден простор, помеѓу две пренамени е околу 20 години. После просечните 20 години, просторот треба да претрпи пренамена. Една просторија ќе се подели на две помали или две помали ќе се споја во една поголема или дневната ќе стане спална, па ќе се додаде и гардеробер...

Кај Кнауф ѕидовите интервенциите се брзи, без отпад и со повторна употреба на над од 60% од материјалот што бил вграден во стариот ѕид. Изолацијата е истата, профилите се истите, а при педантна изведба, голем дел од гипсените плочи ќе можат да бидат употребени и на новата локација на ѕидот.

Имате искуство со пренамена? Секако, реновирањето се прераскажува како трауматично искуство, па ајде да го направиме следното Ваше искуство или искуството на Вашите клиенти - помалку трауматично сеќавање.