Школа за обука на докторанди
Во период од 2-7 Септември, 2018 год. Технолошко-металуршкиот факултет при „Св. Кирил и Методиј” Универзитетот во Скопје ќе биде домаќин (организатор) на 2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School (Втора SARCOS COST – RILEM школа за обука на докторанди) со наслов: Advanced materials and technologies based on inorganic binders (Современи материјали и технологии базирани на неоргански врзива). Школата за обука ќе се реализира на две локации: Скопје ( 2-5 септември) и Охрид (6-7 Септември).
Школата се организира во рамки на COST Акцијата: CA15202 – Self-healing as prevention repair of concrete structures - SARCOS (Самозалекување како превенција за поправка на бетонски структури). Сите информации за реализација на Школата се поставени на веб страната на Универзитертот во Кембриџ, Англија: https://www.sarcos.eng.cam.ac.uk/activities/trainingschools/FYRMacedoniaTS2018/MacedoniaFYR2018.
Школата за обука на докторанди доби научна поддршка и од RILEM (International Union of Experts in Construction Materials, Systems and Structures) организацијата и е влезена во годишниот календар на настани кои се реализраат во рамки на оваа интернационална организација: https://www.rilem.net/agenda/1256. Секој учесник -докторанд во ова школа ќе добие три годишно членство во оваа организација.
Носител на активностите за 2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School е Технолошко-металуршкиот факултет, а формирана е мрежа од домашни институции кои ќе учествуваат во нејзината реализација: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје ” АД Скопје, Цементарница УСЈЕ, АД Скопје – TITAN Групација, КНАУФ - Радика.
Одобрено е учество на 45 студенти од 15 земји, а во реализација на теоретскиот дел од школата ќе учествуваат четири професори од европските Универзитети (Ghent University - Белгија; Politecnico di Milano – Италија; Technical University of Denmark – Данска; Delft University of Technology – Холандија), два професори од Израел (Technion - Israel Institute of Technology, Хаифа и University of Negev, Beer-Sheva), еден професор од Србија – Универзитетот од Нови Сад и два професори од нашиот универзитет.
Учесниците во Школата за обука на докторанди со своите научни презентации (постер презентации и дискусии) ќе влезат во натпревар кој ќе биде оценуван од страна на професорите кои учествуваат во реализација на Школата. Предвидено е доделување на два вида (Technical content и Technical format) од по три награди (златна, сребрена и бронзена). Воедно и самите учесници ќе може да го изборат најдобриот постер преку дефинирање на Trainee prize.
Школата за обука опфаќа теоретски дел (ќе се реализира на Технолошко-металуршкиот факултет), експериментален дел (ќе се реализира во лабораториите на институциите: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје ” АД Скопје и Цементарница УСЈЕ, АД Скопје – TITAN Групација) и тренската настава (ќе се реализира преку посета на рудникот и фабриката за гипс на КНАУФ - Радика во Дебар).
Школата за обука ќе заврши со евалуација на учесниците (учесниците добиваат 5 ECTS), а ќе биде реализирана во Конгресниот Центар на УКИМ во Охрид.
Деталната програма за Школата како и RILEM брошурата може да се најде на веб страната од Школата.