Политика за квалитет

Гаранција за квалитетот на производите на Кнауф Македонија е имплементираниот систем за управување, во согласност со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001. Квалитетот и биолошката беспрекорност на нашите производи, како и заштитата на животната средина, се наши врвни приоритети.

Политика за квалитет Кнауф Радика АД Дебар , Кнауф Скопје,

Кнауф Приштина, Кнауф Тирана, Кнауф Подгорица

 

За постигнување на нашите цели и како заложба за постојано подобрување, во нашата компанија се воведени и етаблирани системите за управување со квалитет ISO 9001:2015, безбедност и здравје при работа ISO  45001:2018 и животна  средина ISO 14001:2015, при што се обврзуваме на нивна конзеквентна примена, да го проверуваме придржувањето кон истите и постојано да се доразвиваме и подобруваме. Истовремено, во рамките на спроведување на слични содржини на норми, тие се сврзани во Интегриран Менаџмент систем.

Политиката на компанија се утврдува , остварува и одржува од страна на раководството. Одговорноста за извршувањето и спроведувањето на оваа политика е кај Раководителите на сектори и кај надлежните лица. Значителна соодговорност носи и секој поединечен вработен. Кнауф ќе осигура, Раководството и сите раководни вработени, темата безбедност при работа, заштита на човековата околина и квалитет да ја сметаат за приоритет и  ќе ги информираат сите вработени за оваа изјава/политика за принципи. Следствено, во сите производни и продажни подрачја се поставуваат реални и следливи цели и се применува управување со ризици, како би се избегнале грешки односно би се  искористиле можностите. Сите дејности и процеси се одвиваат во согласност со применливите законски обврски ( закони, известувања, норми, одредби) и обврските од барањата на купувачите и внатрешните барања.

Кнауф ќе стави на располагање соодветни средства и ресурси за да може да ги спроведе сите утврдени стандарди поврзани со безбедноста, животната средина и квалитетот, и ќе превземе посебни напори со иновативни решенија подобро, побрзо и/или поповолно да може да ги исполни барањата на купувачите. Иновативните решенија  базираат на креативните идеи на нашите вработени.

Кнауф поставува стандарди кај производи и системи, како и кај изолациски материјали за градежништво. Кнауф е водечкиот понудувач за безбедно, здраво и комфортно креирање на животниот простор. Визија, која секогаш ќе биде наша цел и чија основа ја сочинуваат нашите вредности.

 

 

Менаџмент на квалитет ИСО 9001:2015

Принцип: Да се обезбеди задоволството на купувачите и тоа понатаму да се надградува. Да се обезбеди нашите производи да се произведуваат согласно желбите на купувачите, најновата техника, законските одредби и интерните барања.

Кнауф се поистоветува со својата корпоративна мисија , чии суштински изјави во значителна мерка ја одредуваат политиката за квалитет на компанијата. Во средиштето на размислувањата според тоа стојат  заинтересираните страни купувачи, околина, вработени, добавувачи и самата компанија. Ние , меѓу другото, со тоа си поставуваме цел да ја зацврстиме довербата на пазарот и да го зголемиме задоволството на купувачите, да се однесуваме домаќински со природните ресурси, постојано да ја подобруваме квалификацијата на сопствените вработени, да ја оптимираме соработката со добавувачите и – во заеднички интерес- да создаваме добивки.

 

 

Менаџмент на безбедност и здравје при работа ИСО 45001:2018

Принцип: Безбедносно размислување и дејствување, самоконтрола, да се биде пример и да се даде ориентација, сопствена иницијатива

Компанијата се обврзува да се грижи за здравјето и безбедноста на вработените, како и на сите оние кои учествуваат во нашите активности и постојано да ја подобрува безбедноста на нашата работна средина. За тоа да се овозможи, создаваме безбедна работна средина со безбедни работни постројки, работни средства и апарати, и работиме со модерни работни методи и системи. Значаен составен дел на безбедносната политика е соодветното запознавање, инструкција, обука и грижа на нашите вработени, како би можеле безбедно да ја извршуваат својата работа. Во случај, некои опасности да не може целосно да бидат исклучени, превземаме се ризикот за нашите вработени да го одржиме на најмало можно ниво. На располагање се препарати за Прва помош и редовно се едуцираат лица за давање прва помош. Дополнително на располагање ставаме детални информации за нашата организација и нашите дејствија во поглед на заштитата при работата и за заштита на здравјето. Несреќни случаеви и опасни појави се проверуваат за да се дознаат можните причини и да се избегне нивно повторување. Секов вработен во компанијата носи соодговорност во спроведувањето на принципите.

 

 

Менаџмент за заштита на животната средина ИСО 14001:2015

Принцип: Да се избегнуваат штети на животната средина и да се минимизираат ризиците за животната средина. Можни штетни влијанија на животната средина да се одржуваат на најниско можно ниво. Со ресурсите да се однесуваме штедливо, одговорно и одржливо.

За Кнауф, одржливоста и заштитата на животната средина значат традиционална реалност, која се живее и е цврство вкоренета во корпоративните вредности. Да се биде обврзан на овие вредности, значи да се превземе одговорност како со ефикасно управување со материјали, енергија и отпад, така и со високи производни стандарди и иницијативи за рециклирање. Пред се со примената на технологии, постапки, апарати и материјали, кои базираат на актуелните стандарди за безбедност, животна средина и квалитет , сакаме да ги достигнеме овие стандарди и да ги оствариме нашите вредности.

 

 

01.05.2021

Кнауф Радика АД Дебар
Раководител на фабрика
Абди Доволани

Кнауф Радика АД Дебар
Генерален Директор
Тодор Деловски